Фенси летни обувки: Папучи со бисери (фото)

Папучите се еден од најжешките трендови актуелното лето, а посебно внимание предизвикуваат моделите со бисери и перли, кои сосема ги освоија срцата на трендсетерките ширум светот.

fensi-letni-obuvki-papuchi-so-biseri-foto-1.jpg

Во текот на сезоната на годишни одмори, папучите украсени со бисери може да ги искомбинирате на мноштво различни начини. Тие не се класични папучи, ниту пак едноставни апостолки, кои би ги носеле исклучиво на плажа.

На базен, езеро, море, или, пак, за секојдневните активности – папучите со бисери може да се обујат за секакви прилики, па дури и за вечерните излегувања.

Бисерите им даваат единствен карактер, а изгледаат прекрасно во комбинација со плисирани здолништа или фустани на преклоп. Убаво ќе стојат и во тандем со куси панталони и бермуди, при што доволно е во целокупниот изглед да додадете едноставна маица.

Доколку, пак, во прашање се вечерни излегувања, папучите со бисери може да ги искомпонирате со пругасти кошули. Притоа, изберете нијанси на сина боја, кои се навистина полн погодок.

Ваквиот модел на папучи најдобро прилега на кежуал стил на облекување, па наша препорака е да ги облечете со тексас шорцеви, обична маичка и наметка со ориентален вез. Зачинете го вашиот аутфит и со големи тркалезни очила за сонце, па ќе изгледате како вистинска ѕвезда, а покрај тоа, ќе се чувствувате многу пријатно и опуштено.

Папучите украсени со бисери ги има во понудата на повеќето брендови за висока улична мода. Достапни се во црна и бела варијанта, но и палета на живи бои, а со спој од крзно и бисери, или, пак, перли кои суптилно ги красат моделите од кожа.

За среќа, нивната цена не е висока, така што нема да потрошите цело богатство за да ги купите. А, дури и ако овој тренд не биде омилен во модниот свет идната година, тие секако ќе ви користат како удобни обувки.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...
Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчани... Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа...

Најчитани неделава