Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бунтовнички со сина крв: Принцези кои ги менуваат модните правила

Војвотката Кејт Мидлтон не е единствената дама од кралските дворови која поставува нови модни стандарди низ светот.

buntovnichki-so-sina-krv-princezi-koi-gi-menuvaat-modnite-pravila-01.jpg

Зборот „принцеза“ асоцира на женствена и нежна дама со долг, балски фустан и прекрасна коса. Но, стилот на принцезите низ светот е драстично променет во последниве години, па така оваа асоцијација не е секогаш точна.

Овие принцези со својот смел и уникатен стил на облекување ги менуваат строго наметнатите модни правила и претставуваат инспирација за сите модно освестени дами низ светот:

Сириванавари Нариратана

Принцезата од Тајланд уште како дете изразувала интерес за модата, а во 2007-ма Пјер Балмаин ја поканил на ревија на која се претставила со своја колекција Presence of the Past. Препознатлива е по својот етно-стил и е честа гостинка на светските модни ревии.

buntovnichki-so-sina-krv-princezi-koi-gi-menuvaat-modnite-pravila-02.jpg

Шарлин, Принцезата од Монако

Шарлин порано била првак во пливање, а во 2011-та се омажи за Принцот Алберт II од Монако. Вниманието го привлече благодарение на нејзиниот еклектичен стил и парчиња кои доаѓаат директно од модните писти на најпознатите дизајнери.

buntovnichki-so-sina-krv-princezi-koi-gi-menuvaat-modnite-pravila-03.jpg

Шарлот Касираги

Миленичката на дизајнерите е секогаш актуелна во модниот свет, а не е ни чудо бидејќи стилот го наследила од својата баба, Принцезата Грејс Кели. Шарлот е вистинска дама, и кога е дотерана во свечен фустан, и кога носи фармерки.

buntovnichki-so-sina-krv-princezi-koi-gi-menuvaat-modnite-pravila-04.jpg

Дина Алџухани Абдулазиз

Принцезата од Саудиска Арабија не се вклопува во најстрого наметнатите модни правила на оваа земја. Таа не носи бурка и хиџаб, туку има кратка коса, носи отворени сандали и голи рамена. Сопственичка е на бутик и има изострено око за модата.

buntovnichki-so-sina-krv-princezi-koi-gi-menuvaat-modnite-pravila-05.jpg

Клотилд Куру

Наградуваната актерка на црвениот тепих се појавува и како уметник, и како претставник на кралското семејство во Венеција. Со оглед на тоа што е Французинка, Клотилд негува женствен и елегантен стил со многу долги фустани и здолништа.

buntovnichki-so-sina-krv-princezi-koi-gi-menuvaat-modnite-pravila-07.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моден водич за жени: 9 правила за стилско комбинирање на патики Не мора да ги криете чорапите ако знаете да ги искомбинирате, со кратки фустанчи...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Болеро и уште 9 трендови за есен 2024 од модните писти Од Барби фустани, но во поинаков футуристички стил до „леопард“ дезен, кои се мо...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...
Делува вулгарно и непрофесионално - летна гардероба која не е добар избор за на работа Парчиња гардероба, кои се апсолутен хит во текот на летото, но никако не се пого...
5 парчиња накит што секоја модерна девојка треба да ги има оваа пролет Бисери, големи алки и цветови - кои парчиња накит се хит оваа пролет кај инфлуен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg