Бели чевли, светкави хулахопки: 10 ситници заради кои облеката ви изгледа евтино

Целосниот изглед кажува многу за човекот, па затоа е добро секогаш да се грижите за него.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-001.jpg

Секој има свој стил и не треба да го менува, сѐ додека го негува, но без разлика каков тип на облека сакате, никој не сака таа да изгледа „евтино“.

За да бидете стилски облечени не мора да значи дека навистина треба да купувате скапи парчиња, бидејќи најчесто најважниот дел се малите ситници.

Ова се работите на кои треба да обрнете внимание ако не сакате вашата облека да изгледа евтино:

Претерано натрупани „шик“ детали

Светкавите декорации си бараат соодветна позадина во секој смисол – материјал, квалитет и целосна вклопеност. Кежуал или спортска облека со додатоци како  „кристали“ изгледа неприродно и како евтина копија.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-02.jpg

Лажни брендирани додатоци

Никогаш не купувајте неоригинални „брендирани“ работи бидејќи никој нема да поверува во нив и сите ќе знаат дека се евтина копија. Одберете квалитетни производи кои не мора да имаат испишан бренд – ќе заштедите пари и ќе изгледате помодерно.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-03.jpg

Неусогласени шари

Цветови, кругови и пруги – сѐ во една комбинација е неприфатливо. Никој не сака да гледа толку форми натрупани на едно место, па затоа комбинирајте една шара со нешто еднобојно, за секој детаљ да дојде до израз.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-04.jpg

Бели штикли

Тоа што е дозволено кај патиките и еспадрилите, не важи и за другите чевли. А тоа е сјајната бела боја. Дури и невестите во последно време избегнуваат чисто бели чевли, а сепак изгледаат прекрасно. Најдобро е да носите нежни нијанси кои ќе се вклопат во секоја палета и ќе зрачат со елеганција.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-05.jpg

Извадени конци и излитеност

Некои материјали си бараат висок квалитет, а тоа значи и дека се многу скапи па често им бараме замена. Добар пример за тоа е чипката која ако е поевтина, по неколку носења и перења ќе си го покаже своето „вистинско лице“.

Ако сепак сакате чипка, нека биде во вид на додаток на некое парче облека, а не целата облека да биде од чипка.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-06.jpg

„Скап“ накит

Немојте да трупате премногу накит на вас одеднаш. Ако сакате да ставите златно ланче, не мора до него да наредите уште 4 други златни работи – тоа не значи дека вашиот изглед е скап, туку без стил.

Наместо тоа, ставајте малку наките, но квалитетен. Елегантни обетки и едноставен, но впечатлив часовник се многу подобра опција отколку да наредите неколку златни синџири на вас.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-07.jpg

Неприкладна употреба на чевли

Штиклите се женствени и елегантни. Но само ако не мора да ја жртвувате удобноста заради нив. Едноставно тие не одговараат со секоја комбинација и за секоја пригода. Не се плашете од едноставноста. Ако одите на прошетка, логично е да облечете ниски и удобни, но стилски чевли.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-08.jpg

Облека во која изгледате како преправени

Ако до пред одредено време сте носеле облека со големина „М“ не значи дека вечно ви одговара истиот број. Ова важи и за поголем и за помал број.

Ако фустанот ве стега или пак во него изгледате како да сте влегле во вреќа, логично е да не излезете така во јавност. Секогаш носете облека што ви е точна и ви одговара, едноставно е.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-09.jpg

Нешто околу хулахопките

Кога се работи за квалитетот на хулахопките, исто така е потребна скромност. Хулахопките не треба да ѕиркаат од никаде, ниту од стапалата, а ниту над панталоните – едноставно е невкусно. Исто така, не мора да ги одберете најсјајните – не е природно нозете да ви светкаат. Нека бидат едноставни и не премногу впечатливи.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-10.jpg

Долната облека „на мегдан“

Многу е лесно да направите градникот малку да ви ѕирка и да го привлечете вниманието на секој. Но, не е во тоа поентата, ако веќе сакате да бидете жена со стил. Долната облека не треба да се гледа и треба да биде ПОД облеката, не за џабе е „долна“.

10-greshki-zaradi-koi-vashata-obleka-izgleda-evtino-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg