Топли и шик: Фенси комбинации за кафе шема на ниски температури
Излезете надвор од рутината, облекувајќи се возбудливо дури и за опуштените средби со дечкото или пријателките.

Одите на дневна собиранка во град?
При облекувањето во студените месеци, најголем приоритет ни се комфорот и топлината.
Но, тоа не значи дека мора да се држите до досадните комбинации, кои веќе стопати сте ги носеле.
На прагот помеѓу есента и зимата, ви нудиме десет фенси предлози за кафе шема, со кои ќе изгледате урбано и стилски, дури и на ниските температури:
1. Искомбинирајте удобна тексас кошула и фармерки, надополнувајќи ги со впечатлив накит и волуменозен кардиган.

2. Кој вели дека не смеете да носите капут и дуксер со качулка во исто време? Погледнете колку добро изгледа таквата комбинација.

3. Под џемперот со длабок „V“ израз облечете меко неглиже, или, пак, маичка на прерамки со додаток од чипка.

4. Ретро комбинезоните со трегери одлично ќе ви прилегаат, доколку ги споите со пуловер кој има ѕвонести ракави и карнери.

5. Кожните хеланки и пругастата блуза се супер тандем, а посебно одговараат со патики, капут и масивен шал.

6. Краткиот џемпер и долгата кошула се синоним за шик и модно освестена девојка.

7. Бела боја во есен или зима? Зошто да не!? Само нека е удобно и топло.

8. Ако имате убави нозе, натколенките се полн погодок за вас. За денските пригоди, носете ги со ниски чизмички до глужд и кежуал модни парчиња.

9. Внесете боја среде градското сивило, одлучувајќи се за ведар црвен стајлинг. Само не заборавајте да понесете и јакна!

10. Бушавиот капут и хипстерските очила, пак, ќе ве трансформираат во неодолива „бубалица“ на градскиот асфалт.

М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Шик есенски аутфити ако немате идеја како да се облечете во преодниот период (фото)
Кафеави и сиви тонови, слоевито облекување, долги блејзери врз широки панталони ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето?
Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото)
Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги.
...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото)
Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Идеи како да бидете празнично облечени, а да не личите на кич новогодишна елка (фото)
Црвена боја, зелена боја или бели светки како снегулки се дефиницја за празничен...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото)
Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...