Искинати, везени или со крпеници - какви фармерки носите оваа сезона?

Фармерките, нашето омилено модно парче се повторно во центарот на вниманието кога станува збор за лежерен изглед. Вистинското прашање е дали некогаш воопшто излегле од модниот фокус?

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezona-01.jpg

Оваа сезона можеме да забележиме многу варијации на темата фармерки, но 3 типови дефинитивно се издвојуваат: искинатите фармерки, фармерките со везови и т.н. „кроени“ или „крпени“ фармерки.

Кој е вашиот омилен модел?

Искинати фармерки

Овој тип на фармерки веќе ни е премногу добро познат. Дефинитивно не станува збор за некој новитет, но сепак измената кај овој модел на фармерки главно се однесува на големината на дупките, односно разресувањата кои ги имаат во предниот дел.

Тие дефинитивно станаа поголеми и посмели, што можеби не е идеално за студената зимска сезона, но ретко кој се откажа од искинатите фармерки. Во комбинација со хулахопки со интересен принт или дезен, тие делуваат уште помоќно.

Серијата искинати фармерки ја продолжува својата победничка сезона:

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (4).jpg

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (5).jpg

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (3).jpg

Везени фармерки

Преовладуваат главно цветните дезени, иако поретко се среќаваат и некои други интересни везени детали. Италијанскиот бренд Гучи ја поплочи патеката за овој тип на фармерки со вез, кои сега смело чекорат по истата.

Може да изберете помеѓу суптилно извезени детали, крупно везени мотиви кои главно се лоцирани на предниот дел од фармерките. Но, некои модели изненадуваат со везови кои се кријат на задниот дел од ногавиците или пак задникот.

Везените детали околу џебовите се исто така прилично симпатичен детаљ:

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (1).jpg

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (2).jpg

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (9).jpg

Кроени фармерки од различен вид на тексас

Преку спојување на различни типови на тексас материјали го добивате победничкиот изглед за оваа сезона – т.н. patchwork фармерки, што најдобро би се превеле како „крпени“ или „кроени“ фармерки.

Тие си играат со контрастот светло-темно, како и насоката, односно хоризонтално-вертикална поставеност на материјалот.

Колку повеќе различни парчиња–толку повпечатлив изглед. Имате ли доволно храброст за кроените фармерки оваа сезона?

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (6).jpg

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (7).jpg

Kakvi-farmerki-nosite-ovaa-sezon (8).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Пет деловни комбинации со фармерки кои се удобни, а изгледаат стилски Темен аутфит со фармерки и мокасини или бели фармерки со кошула и балонер. Те...
Кафеавите фармерки се новиот зимски тренд – како да ги комбинирате? (фото) Можете да ги комбинирате со парчиња со слични нијанси, но и неутрални тонови, а ...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...

Најчитани неделава