Модата не е само за слаби жени: Плус-сајз блогерка ги руши стереотипите за облекување на дами со облини

Кога станува збор за изгледот, мнозинството девојки се прекритички настроени кон себеси. Па, во морето незадоволни дами, вистинско освежување е да се налета на една жена која со гордост ги носи нејзините пропорции, не оптоварувајќи се со сопствените маани.

modata-ne-e-samo-za-slabi-zheni-plus-sajz-blogerka-gi-rushi-stereotipite-za-oblekuvanje-na-dami-so-oblini-1.jpg

Таква е и плус-сајз модната блогерка Verena Prechtl, која не само што изгледа супер во гардеробата што ја носи, туку и се чувствува фантастично во своја кожа. А, неретко и јавно се бунтува против дискриминацијата на луѓето заради дебелината.

 

Dear @welt, it’s absolutely okay to be fat and it’s okay to feel sexy. What counts is to feel comfortable in one‘s own skin and nothing else. Body bashing is not okay, just think about it! #theskinnyandthecurvyoneblogcom

A post shared by Verena Prechtl (@ms_wunderbar) on

Со смелите модни избори, таа им пркоси на стереотипите, поради што е инспирација за мноштво жени ширум светот. Будно ги следи трендовите, докажувајќи дека тие не се резервирани исклучиво за слабите девојки со манекенска градба, туку и за покрупните дами.

Во моментов, на социјалната мрежа ја следат над 50 илјади корисници. Ставот е поважен од изгледот – тврди таа – а има и стилски совети за сите девојки што налик на неа, не се спремни да прават компромиси кога е облекувањето во прашање.

Зборувајќи за фармерките, на жените со вишок на килограми им препорачува да се држат до тесните модели, а да ги избегнуваат оние со прекратки или искинати ногавици, кои никако не ѝ ласкаат на силуетата.

Од актуелните трендови, пак, како личен фаворит ja издвојува кадифенaта облека, која ги слави облините, а особено ги обожува кроевите што ја следат линијата на телото.

Доколку го посетите нејзиниот профил, ќе пронајдете мноштво идеи кои вреди да ги ископирате, независно од градбата.

Од галеријата во продолжение, погледнете дел од комбинациите на плус-сајз блогерката:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Серена Вилијамс видно ослабена, ќерката на Кејт Мос убавица – Познатите дами на Gucci настан во Мила... Гвинет Палтроу се појави во шарите на Gucci од глава до пети, Серена Вилијамс го...

Најчитани неделава