Прашања кои ќе ви помогнат да го пронајдете сопствениот стил

Коко Шанел еднаш има изјавено - „Модата поминува, но стилот останува“ и може целосно да се согласиме со овој став.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-01.jpg

Но, за да може да живеете според ова мото, важно е првенствено да имате сопствен стил кој ќе го негувате.

Сепак, сигурно многупати ви се случило да изнакупувате работи кои воопшто не ви се неопходни и лутате со различни парчиња облека во плакарот.

Токму затоа, потребно е прво да го одредите конкретно и прецизно вашиот стил, како и облеката која ви одговара најмногу.

За полесно да сфатите кој стил ве карактеризира, следниве прашања и одговорите на нив, ќе ви помогнат во тоа.

Како се гледам себеси и кои квалитети сакам да ги нагласам?

Кога сте во потрага по сопствениот стил, многу е важно да знаете дека изгледот е рефлексија на вашата внатрешна личност.

Дали сакате да бидете сериозни и интелигентни? Или сакате да изгледаше неофицијално? Сакате да ја нагласите вашата природна скромност?

Според тоа како сакате да изгледате, така одберете го стилот, а другите ќе видат што имате да кажете за себе.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-02.jpg

Кој ме инспирира?

Најлесен начин да дознаете кој е вашиот стил е да одберете некој на чиј стил веќе долго време се восхитувате.

Дали тоа ќе биде елегантноста на Моника Белучи или модерните и шик комбинации на Оливија Палермо, или некоја сосема трета личност.

Тоа може да биде и некој ваш познаник, но тоа не значи да почнете да ги купувате истите работи, туку само да ви послужи како инспирација за сликата и впечатокот кој го остава.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-03.jpg

Во кои бутици најмногу сакам да купувам?

Сигурно имате една или повеќе продавници во кои секогаш влегувате, па дури и да не купите ништо.

Што ве привлекува најмногу? Зошто постојано одите прво таму? Каков тип на купувачи има во таа продавница? Одговорите ќе ви помогнат да разберете кои се работите кои најмногу ви се допаѓаат.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-04.jpg

Каква облека носам цело време?

Време е да погледнете кон вашиот стил од практичен аспект. По правило, има 5-10 работи кои ги носиме на неделно ниво и постојано ги менуваме.

Па затоа, за да се заштитите од непотребни трошоци, а да не бидете постојано во истото, направете листа на работи кои ги носите.

Размислете како можете да направите разновидност во плакарот но со слична облека во стилот кој го сакате и негувате.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-05.jpg

Кои работи никогаш нема да ги носам?

Кога ќе одлучите во која насока оди вашиот стил, важно е да одредите и која облека никогаш не би ја ставиле на себе, независно од тоа колку е модерна.

Секако, добро е да се следи модата, но не по секоја цена, па да заборавите на вашиот личен стил во потрага по модните трендови.

Пред да купите нешто што е моментално моден хит, размислете дали ќе се чувствувате удобно во тоа парче облека.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-06.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ангела од Охрид е трудница со впечатлив летен моден стил: „Сакам да го истакнам стомакот, горда сум ... „Секој има личен избор да одлучи што да прави со своето тело. Мразам да слушам д...
Џорџо Армани 50 години го создаваше стилот на Холивуд - најубавите креации на кралот на модата на цр... Тина Тарнер, Џулија Робертс, Кејт Бланшет, Џоди Фостер, Ријана се само дел од св...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Предлог комбинации со кафеава боја – безвременска класика што е идеална за зима (фото) Тешко е да направите модна утка  со кафеава боја бидејќи лесно се комбинира...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...

Најчитани неделава