Накит инспириран од телото

unikatno-telo-pretvoreno-vo-nakit-povekjeЧовековиот ум и креативноста се бесконечни. Човековото тело е предмет на инспирација во сите облици. Кога ќе се спојат овие две добиваме храм...

 

...на креативноста од каде излегуваат вчудоневидувачки креации.

Впуштете се со нас во мал преглед на накитот инспириран од телото.

1. Отвори

unikatno-telo-pretvoreno-vo-nakit-1

Тајванската дизајнерка Yuyen Chang изработува накит инспириран од човековата анатомија. Нејзината колекција „Отвори“ содржи брошеви, привезоци и прстени кои преставуваат разни облици на човековото тело.

2. Вагина

unikatno-telo-pretvoreno-vo-nakit-2

Приврзоците се обликувани според реални модели, а со својата боја и текстура е обидуваат доследно да ги прикажат нијансите и обликот на гордите сопственички. Клиторисот и внатрешните усни се изведени до најпрецизен детаљ. Имате храброст да изработите и свој примерок?

3. Коса

unikatno-telo-pretvoreno-vo-nakit-3

Anna Rybakov и Eve Cahill ги здружиле силите во создавање шармантна линија накит наречена „Grau Wal“. Главен детаљ се плетенките во сите нијанси. Девојките го опишуваат накитот како “интересен и прекрасно морбиден).

4. Очи

unikatno-telo-pretvoreno-vo-nakit-4

Млада германска дизајнерка, во посета на Париз открила бутик со старински накит... делови од куклите се инспирација за оваа колекција. Овој пар очи нема да му побегне никому од видот.

5. Тело

unikatno-telo-pretvoreno-vo-nakit-5

Margaux Lange е млада американка која изработува интересни модни детали. Раце, гради, задник, очи и усни претворени во накит кој со својата оригиналност привлекува внимание.

6. Заби

unikatno-telo-pretvoreno-vo-nakit-6

Polly van der Glas смета дека забите се најдобар пријател на жените (не дијамантите). Забите се стерилизирани и рачно поставени во сребрени калапи. Во оваа колекција накит има прстени, приврзоци и обетки.

7. Отисок од прст

unikatno-telo-pretvoreno-vo-nakit-7

Вашиот прст, на неговиот прстен. Има ли нешто поромантично? За Brent и Jessicа Williams – нема. Секој прстен е уникатен, а сентименталната вредност која ја носи е непроценлива.

Би можело да ве интересира:

Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Спортско-елегантна естетика: Како девојките носат тренерки на модерен начин? (фото) Тренерките очигледно станаа кул модно парче па се комбинираат во секакви стајлин...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Седум модни парчиња што ќе бидат популарни во текот на целата година Кожена јакна која веќе е класика, чевли со отворена пета и ремче, но и елегантна...
Dolce&Gabbana направи чанта во форма на сувенир од Фонтаната Треви – би ја носеле ли? Совршено и прецизно изработена, со релјеф, текстури и форми кои беспрекорно ја д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg