Рок на траење на шминките

rok-na-traenje-na-sminkite-povekjeШминката не е отпорна на време, а некои од козметичките производи се посебно погодни за размножување на бактериите. Ова се неколку совети...

 

...како да ја разликувате шминката која се уште е добра од онаа на која и поминал рокот на траење.

rok-na-traenje-na-sminkite

1. Маскара. Бара внимателно чување затоа што четката на патот од тубата до трепките редовно собира бактерии. Тие може да доведат до црвенило и чешање, а во најлош случај и до конјуктивит. Маскарата треба да се менува секои 2-3 месеци. Старата маскара добива мирис на бензин.

2. Коректор. Служи за да ја покриете „нечистотијата“, а не да создадете нова – што се случува ако му е поминат рокот.  Коректорот во облик на пудра може да трае и до 2 години, додека течните коректори се расипуваат за една година.

3. Пудри и руменила. Најдолговечна козметика со рок на траење до 2 години. Сепак, мора да бидете внимателни со пудрата каде значаен удел има водата од ботанички екстракти која е плодна површина за развој на бактерии. Ако погледнете на составот ќе препознаете дека содржи вакво нешто по долгиот латински назив и следниве состојки во заграда – екстракти од камилица, алое вера, бамбус и зелен чај. Важно е редовно да ја менувате четката за нанесување на шминка и да избегнувате контакт на пудрата и руменилото со вода.

4. Сенки. Тие се во постојан контакт со слузницата, и треба да се менуваат во просек на секои 3 месеци.

5. Моливчиња. Слично како и сенките и тие се нанесуваат на подрачје каде лесно може да соберат бактерии и да ги шират низ очите. Траењето е во просек до 1 месец, иако и по подолго користење нема да попримат видливи недостатоци.

6. Кармин. Не содржат вода, па, единствена опасност доаѓа од допирање бактерии околу усните. После некое време користење добиваат непријатен мирис заради „масните“ состојки. Карминот е расипан кога станува премногу тврд и кога бојата веќе не може да се нанесе рамномерно.

7. Четкички и други апликатори. Може да траат повеќе години ако се чистат исправно и ако се чуваат. После секоја употреба треба да се избришат со сув пешкир или хартија и да се исперат со шампон за коса на секои 2-3 недели.

Би можело да ве интересира:

5 неутрални нијанси идеални за есенски и зимски комбинации, ако ви здодеа црна (фото) Ако сакате неутрални нијанси, но веќе ви е „преку глава“ од црна, експериментира...
Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
5 пролетни комбинации на бои кои изгледаат луксузно и стилски (фото) Небесно сина со бордо или маслинеста зелена со беж – комбинации на бои со кои ов...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg