Како да ја изберете вистинската облека за интервју за работа?

Наводно, работодавачот одлучува дали ќе го вработи потенцијалниот кандидат уште во првите 90 секунди од интервјуто. Реално, ова е навистина краток период, па важно е да го искористите максимално.

kako-da-ja-izberete-vistinskata-obleka-za-intervju-za-rabota-01.JPG

На некој начин, работодавачот ве оценува според првиот впечаток, а облеката што ја носите може да има големо влијание врз тоа.

Па, за следното интервју, имајте ги предвид овие модни совети:

Бојата на вашата облека влијае врз впечатокот што го оставате

Една анкета покажала дека сивата боја почесто се поврзува со компетентност и логичко размислување, белата со добри организациски способности, црната со лидерство, а виолетовата и зелената со самодоверба и креативно размислување.

Како „најнепрофесионална“ боја се покажала портокаловата. Слично било мислењето и за жолтата и црвената.

kako-da-ja-izberete-vistinskata-obleka-za-intervju-za-rabota-02.JPG

Светлите бои можат да остават лош впечаток

Премногу светлите бои и „храбрите“ модни комбинации можат да покажуваат дека сакате да привлечете внимание, и тоа по секоја цена. Токму поради ова, имаат лошо влијание.

Ова значи дека дури и ако аплицирате на работно место каде што треба да ја истакнете вашата креативност, подобро е да не изгледате многу екстравагантно.

Можете да одберете аксесоар што ќе се истакнува, како необичен часовник или очила. Но, немојте да претерате ни со аксесоарите.

kako-da-ja-izberete-vistinskata-obleka-za-intervju-za-rabota-03.JPG

Работодавецот ќе забележи ако носите облека што не е ваш стил

Добро би било да проверите дали компанијата во која аплицирате има кодекс за облекување. Доколку нема, никогаш нема да погрешите со сако и кошула.

Но, доколку никогаш не носите костими или сако, во нив сигурно ќе изгледате како да ви е неудобно, а работодавецот ќе го забележи тоа.

Најдобро е да носите облека што го покажува вашиот карактер, само обрнете внимание да изгледа пристојно и не многу нападно.

kako-da-ja-izberete-vistinskata-obleka-za-intervju-za-rabota-04.JPG

Се забележува ако носите нова облека, невообичаена за вас

Ако сте купиле нова облека за интервјуто, добро би било да ја износите барем еднаш пред важниот ден. Така ќе имате време да ги воочите недостатоците и да ги средите до интервјуто.

Ако купите нови чевли, добро би било да ги „разносите“ за да не чувствувате неудобност. Притоа, откако еднаш ќе ја износите облеката, ќе се осигурите дека сте ги отстраниле етикетите и слично.

kako-da-ja-izberete-vistinskata-obleka-za-intervju-za-rabota-05.JPG

Се забележува ако носите облека што ви е неудобна

Нормално, треба да изгледате добро на интервјуто, но ако не се чувствувате удобно во облеката, тоа сигурно ќе се забележи и ќе има влијание врз вашата самодоверба.

Најдобро е да не носите многу тесна или многу широка облека и не облекувајте парчиња несвојствени за вас. Исто така, немојте да правите фризура или да носите шминка на којашто не сте навикнати.

Најважно е да се чувствувате удобно, бидејќи дури тогаш ќе можете да ги покажете вашите вистински квалитети.

kako-da-ja-izberete-vistinskata-obleka-za-intervju-za-rabota-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...

Најчитани неделава