Романтични и секси: венчаници од Atelier by Sonja во кои ќе се чувствувате магично на вашиот посебен ден (фото)

Одбирањето на фустан за невестата е една од најзначајните активности во подготовките за свадбата. Да, сите сме си замислувале уште од мали како би сакале да изгледаме на нашиот голем ден, но кога ќе дојде време за бирање на венчаницата, често знаеме да паничиме и да се загубиме во изборот.

romanticni-i-seksi-vencanici-vo-koi-ke-se-cuvstvuvate-magicno-na-vasiot-poseben-den-foto-01.jpg

Постојат неколку работи на кои секогаш треба да посветите внимание:

1. Венчаницата треба да ви се допаѓа на вас и да прилега на вашиот облик на тело. Не е важно што ќе кажат другите.

2. Треба да се чувствувате удобно, а во исто време и секси.

romanticni-i-seksi-vencanici-vo-koi-ke-se-cuvstvuvate-magicno-na-vasiot-poseben-den-foto-03 (1).jpg

3. Венчаницата треба да ве опишува како личност. Да биде изработена согласно на вашиот карактер.

4. Фустанот треба да биде уникатен, впечатлив и префинет.

Кога ќе се одлучите за дизајнерот кој сакате да го изработи вашиот фустан, треба да бидете сигурни дека тимот ќе биде посветен и со задоволство ќе ги исполни сите ваши барања и очекувања.

Сите овие барања и карактеристики се вклопени во новата колекција на сестрите Соња Методиевска и Марија Митровска, дизајнерки од Atelier By Sonja. Овој моден бренд е застапен со две локации во Штип и Скопје со тенденција за меѓународно проширување.

Последната колекцијата Timeless е комбинација од стилови од целиот свет на женската фигура. Секој модел сам по себе е различно дизајниран, за да може да ги задоволи вкусовите на секоја невеста.

Играно е со многу најразлични материјали и детали - чипки, украси, пердуви, реси, кристали, бисери, тул...

romanticni-i-seksi-vencanici-vo-koi-ke-se-cuvstvuvate-magicno-na-vasiot-poseben-den-foto-03.jpg

Може да ги следите и контактирате на нивната Фејсбук страница и Инстаграм профил.

Во галеријата погледнете ги фустаните во кои ќе се чувствувате прекрасно на вашиот најубав ден:

 

Би можело да ве интересира:

Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава