7 трикови на негуваните жени кои вреди да ги запаметите и примените

Сите ние често се чувстуваме како да сме во „трка“ со времето, а дополнителните замки од секојдневниот живот не престануваат да ни додеваат.

7-trikovi-na-neguvanite-zheni-koi-vredi-da-gi-zapametite-i-primenite 01 630x330.jpg

Рана од новите чевли, дамка од кафе на блуза – карактеристично лош почеток на неделата со која мораме да се справиме.

Дека жените со стил се имуни на проблеми од овој тип е една голема заблуда, вистината е дека тие се само добро подготвени за истите.

Без страв, не мора да го менувате целиот гардеробер, единствено треба да се придржувате на неколку едноставни трикови во вашето секојдневие. За волја на вистината, некои од нив започнуваат рано наутро.

Во продолжение за вас издвојуваме 7 трикови на добро негуваните жени кои дефинитивно вреди да се запаметат и применат:

Внимавајте на времето

Утринската рутина обично зазема повеќе време отколку што сте планирале. За појадок, туширање, шминкање и облекување не се доволни само 10 минути.

Затоа, за да избегнете стрес, станете малку порано од вообичаеното и завршете ги подготовките во мир. Повеќето грешки се прават во брзање.

7-trikovi-na-neguvanite-zheni-koi-vredi-da-gi-zapametite-i-primenite 02 630x354.jpg

Испланирајте што ќе облечете

Една од најпаметните и корисни одлуки е да подготвите комплетна облека уште претходната вечер. Со самото тоа не ќе мора да „копате“ по плакарите рано наутро и ќе имате повеќе време за други работи.

7-trikovi-na-neguvanite-zheni-koi-vredi-da-gi-zapametite-i-primenite 03 630x420.jpg

Внимавајте на долната облека

Жените со стил секогаш имаат соодветна долна облека. Ништо да се проѕира, ништо да ги притиска. Обрнете внимание на материјалот и бојата на облеката и затоа определете која долна облека ќе ја носите.

За лесни панталони, се препорачуваат гаќи без рабови во боја на кожа. Доколку носите маичка без прерамки, задолжително е и вашиот градник да биде без истите.

7-trikovi-na-neguvanite-zheni-koi-vredi-da-gi-zapametite-i-primenite 04 630x414.jpg

Обрнете внимание на временската прогноза

Најдобро е да ја слушнете временската прогноза или да погледнете во мобилниот телефон. Наутро температурите се малку пониски, затоа се препорачува слоевита облека.

7-trikovi-na-neguvanite-zheni-koi-vredi-da-gi-zapametite-i-primenite 04 630x420.jpg

Носете облека која добро се вклопува

Алфа и омега на убаво стилизираниот изглед се парчиња облека кои добро „се вклопуваат“. Облеката што не е соодветстува со вашиот конфекциски број тешко дека ќе ви стои добро.

7-trikovi-na-neguvanite-zheni-koi-vredi-da-gi-zapametite-i-primenite 05 630x420.jpg

Одберете ги вистинските додатоци

Без разлика дали станува збор за чанта, накит или шал - вистинскиот моден додаток ја прави облеката комплетна.

Меѓутоа, да не го заборавиме и најважното правило: помалку е секогаш повеќе!

7-trikovi-na-neguvanite-zheni-koi-vredi-da-gi-zapametite-i-primenite 06 630x630.jpg

Секогаш со себе имајте ја вашата „прва помош“

Едноставно, секогаш со себе носете ги работите кои ги сметате за неопходни. На пример, неколку фластери, лак за нокти, коректор или кармин.

Овие работи не заземаат многу простор, и во различни ситуации можат да ви го спасат денот.

7-trikovi-na-neguvanite-zheni-koi-vredi-da-gi-zapametite-i-primenite 07 630x315.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките за...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg