Модни грешки заради кои мислите дека здолништата не ви стојат - како да го промените тоа?
Заборавате на модните додатоци, носите долна облека што се познава, ги комбинирате со погрешни чевли – постои причина зошто сметате дека здолништата не ви стојат добро.
Дали сте убедени дека здолништата не ви стојат добро и ги избегнувате по секоја цена? Тогаш веројатно не сте помислиле на најчестите модни грешки кои ве тераат да го мислите ова.
На кои грешки треба да обрнете внимание?
Погрешна долна облека
Најчестата грешка е долната облека со рабови која се познава под здолништето. Тангата е одлично решение за ова, но секогаш можете да купите и долна облека без рабови.
Ако носите светло здолниште, не заборавајте дека и долната облека треба да биде со светла боја.
Не обрнувате внимание на формата на телото
Кога купувате здолниште, не заборавајте да обрнете внимание на формата на вашето тело ако сакате да ви стои добро.
Дебелите џемпери ги ставате во здолништето
Џемпер и здолниште е одлична комбинација, но ако станува збор за дебел, широк џемпер, немојте да го ставите цел во здолништето.
Доволно е да го ставите внатре само предниот дел.
Не ја дополнувате комбинацијата со колан
Ако носите здолниште со висок струк и кошула или блуза, не го заборавајте коланот.
Ги избегнувате сите кратки здолништа
Кратките здолништа не се најудобното парче облека, но денес има одлични модели кои не се многу тесни, нема да се изместат и се удобни за носење.
Ако досега сте ги избегнувале сите кратки здолништа, дајте им шанса на моделите како на фотографиите подолу (должината зависи од вашиот стил).
Ги носите со погрешни чевли
Кога комбинирате здолниште и чевли, мора да ги земете предвид должината на здолништето и висината на чевлите.
Односно, секогаш следете го правилото – колку подолго здолниште, толку повисоки чевли. Што значи, кратките здолништа секогаш стојат подобро со ниски чевли, додека подолгите со повисоки.
Избегнувате мидери
Ако не ви се допаѓа како ви стои некое здолниште бидејќи ви се познава стомачето, секогаш можете да облечете мидер.
Одбирате блуза што не одговара со здолништето
Постојат многу правила за комбинирање здолништа, а кога не сте сигурни за вашата комбинација, следете некое од овие:
- Мини здолништата најдобро стојат со тесна блуза или џемпер.
- Широките џемпери се одлични во комбинација со тесно здолниште.
- Долгите шарени здолништа треба да се носат со блузи во една боја.
- Ако блузата или кошулата има каков било дезен, препорачливо е здолништето да има една (по можност неутрална) боја.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





