„Машки“ панталони, кошули и јакни – Младите трендсетерки сè почесто негуваат андрогин стил (фото)

Машките парчиња облека, како широки панталони и големи јакни, повеќе не се само за мажи и сè повеќе млади девојки ги вметнуваат во нивните лежерни комбинации.

mashki-pantaloni-dzhemperi-i-jakni-mladite-trendseterki-se-pochesto-neguvaat-androgin-stil-foto-01.jpg

Младите познати личности, како Бела Хадид и Кендал Џенер, но и бројни млади инфлуенсерки, ги поместуваат границите на модата и сè почесто се појавуваат со комбинации од „машка“ и „женска“ облека.

Односно, негуваат стил кој е андрогин. А, овој тренд почнуваат да го прифаќаат сè повеќе и повеќе девојки.

Веројатно можевме да очекуваме некоја ваква промена во светот на модата. Порано, на жените им било забрането да носат панталони бидејќи се сметале за „машко“ парче облека.

Но, со текот на времето успеале да ги претворат панталоните и во женско парче облека, па денес, во зависност од пригодата, повеќето жени преферираат панталони наместо здолништа или фустани.

Веројатно и сега се случува нешто слично, но овојпат младите девојки пробуваат да покажат дека машките парчиња можат да им стојат добро и на жени.

Вреќести машки панталони, огромни јакни, плетени „машки“ елеци и „машки“ кошули, панталони и чевли – тие умешно ги носат овие парчиња во тренди комбинации што можат да изгледаат навистина интересно.

Неколку комбинации што одлично го доловуваат овој „андрогин“ стил:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg