Носите само црни чевли и уште 9 мали модни грешки што прават голема разлика во изгледот
Избегнувајте да носите блузи со натписи во деловни комбинации – ова парче облека е за лежерни комбинации.
Сите сме склони кон некои модни грешки кои неретко иако мали, можат да направат огромна разлика во целокупниот изглед.
Во продолжение 10-те најчести вакви грешки:
Секогаш носите чанта и чевли со иста боја
Иако ова комбинирање и не изгледа така лошо, вашата комбинација ќе изгледа многу повпечатливо ако си играте со боите.
Единствено обрнете внимание чантата и чевлите да се во ист стил, да одговараат на сезоната – лето, зима и слично – и добро да се надополнуваат.
Носите многу тесна облека
Ако сакате да ја истакнете вашата фигура, немојте да одбирате многу тесна облека. Секогаш ќе изгледа подобро ако нагласите само еден дел – на пример половината со колан – отколку да носите облека во која едвај дишете.
Комбинирате костими со балетанки
Костимите најчесто се за деловни прилики, па избегнувајте да ги комбинирате со балетанки.
Многу подобро ќе изгледате со не многу високи штикли. Или, ако сакате поудобна опција, дајте им шанса на таканаречените оксфордки.
Нормално, и балетанките можат да изгледаат добро во деловни комбинации, но најмногу со здолништа со „А“ крој.
Носите кратки панталони со хулахопки
Кратките панталони се модели за потопли денови, па не изгледаат најдобро во комбинација со хулахопки, особено ако се темни.
Обично подебелите, есенски или зимски модели, не се многу кратки како летните – овие панталони не изгледаат лошо и со хулахопки.
Правите комбинација само со винтиџ парчиња
Винтиџ облеката може да изгледа многу добро, но само ако знаете да ја комбинирате.
Избегнувајте да се облечете „од глава до пети“ со винтиџ парчиња бидејќи комбинацијата сигурно ќе изгледа застарено.
Наместо тоа, комбинирајте само едно парче, како фустан, со помодерна облека.
Уште пет грешки на следната страница...
Би можело да ве интересира:





