Носите само црни чевли и уште 9 мали модни грешки што прават голема разлика во изгледот
Ги ставате фармерките во кратките чизмички
За кратките чизмички најдобро е да облечете фармерки со пократки ногавици (како на фотографијата десно).
Избегнувајте да ги носите со долги фармерки со пошироки ногавици.
Правите комбинации само со тексас парчиња
Најдобро избегнувајте ги комбинациите само со тексас и комбинирајте ги овие парчиња со други материјали.
Ако сепак сакате да комбинирате неколку тексас парчиња, осигурете се дека ќе имаат различна нијанса и различна текстура.
Носите црни чевли со секоја комбинација
Иако црните чевли лесно се вклопуваат во многу комбинации, не значи дека буквално секогаш се добар избор.
Ако носите пошарена облека со посветли нијанси, многу подобар ќе изгледате со чевли со неутрална боја, отколку со црни кои создаваат непотребен контраст.
Носите блузи со натписи во деловни комбинации
Блузите со натписи се за лежерни комбинации, па избегнувајте да ги носите со сакоа, елегантни здолништа и слично.
Комбинирате темни панталони/здолништа со светли блузи
Ќе изгледате многу подобро ако направите обратна комбинација. Односно, светли панталони или здолниште во комбинација со темна блуза, кошула, сако…
Темните панталони и здолништа изгледаат најдобро со потемни парчиња.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





