Накит со приказна

nakit-so-prikazna-povekjeНа својата листа деловни потези Кејт Хадсон ја вброи и сопствената колекција накит која ја создаде во соработка со компанијата "Chrome Hearts"


Линијата оригинален накит се вика "CH + KH".

Кејт Хадсон уште какао мала го позајмувала накитот од својата мајка и пеејќи и играјќи парадирала низ дома со него.

Накитот е неизоставен дел од нејзиниот моден стил, а во една пригода изјавила дека кога лошо се чувствува, на себе става многу накит и веднаш и е подобро.

Парчињата накит со боемски стил од линијата "CH + KH" се изработени од 18 и 24 каратно злато со додатоци на бисери, бели дијаманти, аквамарин и други полу драги камени.

Кејт е многу блиска со Лори Лин Старк, сопругата на сопственикот и основачот на "Chrome Heart", па овој накит ја раскажува приказната за нивното пријателство.

- Ја познавам Лори од својата 16 година, но кога двете бевме бремени, многу се зближивме и таа ми е вистинска инспирација за овој проект. Со оглед на тоа дека многу патувавме по светот, линијата накит ја има историјата на нашето пријателство – изјавила Кејт.

nakit-so-prikazna-1

nakit-so-prikazna-2

Би можело да ве интересира:

Пет бои кои лесно се комбинираат (и се носат во секоја сезона) Впечатлива, но не и нападна, маслинестата зелена е идеална за секоја сезона, а д...
10 трендови за тексас фармерки кои ќе доминираат во есен 2025 Долгите и широки кроеви продолжуваат да владеат, цевка моделите го доживуваат тр...
Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Tokyo James во Милано Нашиот интернационален модел, Ивана Манас, која со години работи на светската мо...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
9 модели на костими за капење кои ќе бидат хит во лето 2026 Бикини или монокини со контрастна трака веќе гледаме насекаде, но и модели во пу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg