10 стилски грешки со кои несвесно си додавате години

Носите само црна облека, користите темна шминка за дневни излегувања и ставате многу маскара – со кои стилски грешки несвесно си додавате години?

10-stilski-greshki-so-koi-nesvesno-si-dodavate-godini-01.jpg

Кога станува збор за облека и стил, секој треба да го носи она што прави да се чувствува пријатно и убаво во своја кожа.

Сепак, сите настојуваме да правиме некои универзални грешки, без разлика на нашиот стил, со кои несвесно правиме да изгледаме постаро.

10 вакви грешки во продолжение:

Премногу темен тен

Темниот тен дефинитивно прави да изгледаме подобро, но само ако не претераме.

Тенот кој е драстично поразличен од вашиот природен најверојатно нема да ви стои добро и може да направи да изгледате постаро.

Покрај тоа, прекумерната изложеност на сонце може да предизвика брчки и да го зголеми ризикот од појава на рак на кожата.

10-stilski-greshki-so-koi-nesvesno-si-dodavate-godini-002.jpg

Се облекувате само во црно

Кога се двоумите за комбинирање бои, најлесно е да се облечете во црно.

Но, ако постојано сте облечени во црно, несвесно си додавате години.

Ќе изгледате многу подобро ако на црната комбинација додадете некој детаљ со друга боја.

10-stilski-greshki-so-koi-nesvesno-si-dodavate-godini-003.jpg

Нанесувате многу темна шминка

Темните сенки и кармини можат да изгледаат навистина добро, но за вечерни излегувања.

Преку ден носете посветла и посуптилна шминка за помладешки изглед.

10-stilski-greshki-so-koi-nesvesno-si-dodavate-godini-004.jpg

Облека со големи цветни принтови

Цветните принтови веројатно никогаш нема да излезат од мода, но мора да бидете внимателни со нивниот дизајн.

Избегнувајте ги големите цветови кои сите нè асоцираат на фустаните на нашите баби.

За младешки изглед, добро би било да им дадете шанса и на геометриските принтови.

10-stilski-greshki-so-koi-nesvesno-si-dodavate-godini-005.jpg

Ставате многу маскара и креон

Сите сакаме бујни трепки, но тоа не значи дека треба да претераме со маскарата.

Истото важи и за креонот кој, исто како маскарата, може да направи вашите очи да изгледаат уморно и „старо“ ако ставите премногу.

10-stilski-greshki-so-koi-nesvesno-si-dodavate-godini-06.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg