Локал кој се наоѓа над Котор во Црна Гора стана вирален хит поради спектакуларниот поглед (фото+видео)

Овој локал има спектакуларен поглед кон Которскиот залив, а е дел од општината Цетиње. Инстаграмџиите се буквално вљубени во него.

lokal-koj-se-naogja-nad-kotor-vo-crna-gora-stana-viralen-hit-poradi-spektakularniot-pogled-foto-video-01.jpg

Horizont Restoran & Bar се наоѓа на планинскиот пат помеѓу Котор и Цетиње, во близина на селото Његуши, Црна Гора.

Иако припаѓа на општина Цетиње, најпознат е по спектакуларниот поглед кон Которскиот залив, што го нуди од околу 900 метри надморска височина.

Horizont Restoran & Bar работи од април до октомври, секој ден од 09:00 до 21:00 часот.

Од Котор патувањето трае околу 30 минути по познатиот серпентински пат, кој е тесен и полн со свиоци. Возењето бара внимателност, особено при слаба осветленост.

Од Цетиње патот е малку подолг, но со помалку свиоци, и исто така трае околу 30 минути.

Местото е идеално за уживање во залезот на сонцето со чаша вино, придружено со локални сувомеснати производи и сирења како мезе.

Oва е вистински скриен бисер за сите љубители на природата, кој нуди уникатно искуство и совршени кадри за фотки.

Локалот не е дел од Которскиот залив, туку гледа кон него, инаку е дел од Бококоторскиот залив.

Повеќе фотографии оттаму:

Кликнете на видеата:

Повеќе видеа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Не е Тоскана, скопско Ајватовци е (фото) И ние го имаме Ајватовци и совршен поглед, како во Тоскана, до каде очите ни доп...

Најчитани неделава