„Ја сакам Грција, но во еден град таму не би отпатувала никогаш повеќе“
„Можеби за некого Атина ќе биде љубов на прв поглед, но за мене не беше. Едноставно, овој град не ми остави добар впечаток... Зошто?“
Кортни Почин води патувачки серијал за магазинот Metro (наречен „Metro Travel Hot Takes“).
Таа овој пат се фокусираше на Грција и сподели колку ја сака оваа земја, но колку не ѝ се допаднала нејзината престолнина – Атина.
Кортни вели дека сака диманични патувања во градови и дека омилени ѝ се Њујорк, Париз и Рим – места каде што, според неа, секогаш има што да се види и доживее.
Но, Атина? Не ѝ го разбудила тој ист ентузијазам.
Едноставно, овој град не ѝ оставил добар впечаток.
Таа вели дека отсекогаш сакала да ја посети Грција, поттикната од детската опсесија со митологија и филмот „The Sisterhood of the Travelling Pants“, па едвај чекала да ја види античката Атина.
„Сакам да шетам без план и да откривам скриени бисери. Но, во Атина… не добив ништо од тоа чувство...“, вели таа.
Иако прво го посетила Акропол со Партенонот, што била нејзината најголема желба, таа таму почувствувала како „веќе сѐ да има видено“.
Градската архитектура исто така не ѝ оставила впечаток. Од хотелската тераса наместо магични глетки, добила сива слика од поствоени згради.
„Звучи чудно, но едноставно не се чувствував како Атина да е мое место“ признава таа.
Сепак, една област ѝ се допаднала, а тоа е Плака, шармантната стара населба во подножјето на Акропол.
Прочитајте и „Бев на грчкиот остров Евиа, патував 8 часа со автобус и траект, ја посетив и Атина - Што ми се допадна најмногу?“
Со тесни улици од калдрма, покриени со цвеќиња и мали продавнички, Плака ѝ изгледала како Атина што си ја замислувала.
Но, иако е туристичка замка во поглед на цените, Кортни вели дека Плака вреди да се посети.
Таа дури се шегува:
„Цените таму се стрмни, колку и скалите на Плака,“ вели таа, предупредувајќи да се внимава кога се порачува храна во туристичките локали.
Кортни заклучува дека за неа Атина била како средба со славна личност која не била како што ја замислувала.
Не е дека била ужасна, но дефинитивно не ѝ оставила силен впечаток – била малку превалкана и прехаотична за нејзин вкус.
„Но, тоа беше мојот прв пат таму. А сите знаеме - првиот впечаток некогаш може да биде погрешен“ заклучува таа.
„Можеби за некого Атина ќе биде љубов на прв поглед, но за мене не беше“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





