Белизе – незаборавно место за нуркање и откривање тајни

Коралниот гребен Белизе е вистински рај за љубителите на нуркањето и подводниот риболов. Белизе се простира на околу 23.000 километри квадратни во Средна Америка. Се граничи со Мексико на север и Гватемала на запад и југ, што значи дека има излез на Карипското море.

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-01

Поголем дел од постојаните жители се потомци на Маите и неколку европски доселеници.

Традиционалната кујна на ова егзотично место е прекрасна. Најчесто се јаде ориз во комбинација со пилешко, разни сосови, риба и морски плодови, како и цитрусно овошје кое расте на секое ќоше. Со храната секогаш се нуди локално произведено пиво, вино, рум и бројни овошни сокови.

Нуркање

Туристите најчесто доаѓаат заради подводната убавина која Белизе ја крие во себе. Недалеку од брегот се наоѓа коралниот гребен кој е најчест предмет на интересирање и проучување. Раскошниот подводен свет исто така е она што влече најголем број на туристи.

Древните остатоци од Маите

Белизе е место полно со археолошки локалитети од времето на Маите. Главниот град Алтун Ха кој се наоѓа недалеку од брегот, Ламанаи на северниот дел и Карако во средиштето на Белизе се само дел од возбудливата археолошка понуда.

Средноамериканска дивина

Истражувањето на флората и фауната на Белизе во планините на Маите едно од највозбудливите искуства кои имате шанса да ги доживеете тука. Националните паркови се преполни со интересни животински видови, како и егзотични растенија.

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-02

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-03

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-04

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-05

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-06

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-07

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-08

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-09

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-10

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-11

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-12

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-13

belize-nezaboravno-mesto-za-nurkanje-i-otkrivanje-tajni-14

Би можело да ве интересира:

На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
10 грешки што ви го испразнат паричникот (до последно евро) на патување на брегот Амалфи Грешка и совет број 3: Обичен Aperol Spritz во нормален италијански бар чини 4 д...
Едно место на Јадранот е хит за летување со пристапните цени - кафе за 2 евра, сместување за 30 евра Цените во ова место се толку поволни што некои посетители велат дека за парите ш...
Топ 6 најдобри острови за да се пензионирате во Грција, според Американка преселена таму Дали можете да се замислите да живеете на Крф, Родос или Крит? Луѓе од целиот св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg