Хелсинки: Вдишете го северот со полни гради

Непосредноста на луѓето и ширината на градот ќе ве натераат да се заљубите во северната престолнина, каде морето се заледува на веќе 2 степени под нулата.

helsinki-vdisete-go-severot-so-polni-gradi-01

Освен нордискиот дух и пространството на Хелсинки, ако го посетите овој прекрасен град, ќе имате можност да уживате во мноштвото бродови и живописната природа.

Сите главни градби во централниот дел на градот се обоени со живи бои и изградени се во типично скандинавски стил.

helsinki-vdisete-go-severot-so-polni-gradi-1

Хелсинки нема старо градско езеро, како сите останати северни престолнини, затоа што од самото основање бил сиромашен рибарски град. Но, овој факт ќе го занемарите кога ќе ги забележите сите други знаменитости.

Ќе имате шанса да седнете покрај Балтичкото море и да ги набљудувате бродовите кои минуваат на самото крајбрежје, затоа што овој фински залив е прилично длабок.

helsinki-vdisete-go-severot-so-polni-gradi-6

Покрај неверојатните зимски атракции кои ќе имате можност да ги проследите, никој не знае да објасни зошто луѓето тука се толку контрастно топли и пријатни. Идеална спротивност!

Еден ден е сосема доволен за апсолутно да ве совлада убавината на Хелсинки. Ќе го вдишите најчистиот и најстуден воздух, по кој тешко дека ќе сакате да се вратите во реалноста.

helsinki-vdisete-go-severot-so-polni-gradi-4

Би можело да ве интересира:

10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg