Топ 10 скијачки центри во Европа (2. дел)

Договорите за зимување сè уште се во тек. Вистинските вљубеници во зимските спортови, сигурно имаат големи дилеми за да одлучат кој е најдобриот скијачки центар со оглед на понудата ширум Европа.

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-2-del-01

Оние кои не се толку страсни скијачи бараат монденски ски ресорти каде вистински ќе уживаат во зимската идила.

Низ Европа има за секого по нешто, во првиот дел беа понудени помонденски спа ресорти, а ова е вториот дел со поекстемни скијалишта од нашите предлози на топ 10 скијачки центри:

6. Лес деукс Алпс - Франција

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-2-del-1

Со оглед на природното богатство овде често се организираат необични активности од стручни проверки во кои се испитува опасноста од лавина до градење иглоа.

  • Жичници: 47
  • Патеки: 220 км
  • Патеки за скијачко трчање: 21 км
  • Глечери: 2 (Џиросе и Мон де Ланс)
  • Надморска висина: 1600 м – 3568 м

Скијалиштето Лес деукс Алпес во близина е околното скијалиште Л`Алпе д`Хуез. Разновидните стази и „апре ски“ понуди, сонце и снег, близината на скијачките центри и ресорти со релативно достапни цени, нудат сè што е неопходно.

Западно од местото се издигнува Пиед Моутет, а источно е Пиц де ла Грав. Патеките на Пиед Моутет главно се за почетници и сноубордери. Планината Пиц де ла Грав е мрежен систем на жичници. Љубителите на екстремните спустови ќе се упатат кон патеката Ла Меж, со висинска разлика поголема од 2000 метри.

Поповолни од останатите

Ова скијалиште е поевтино од оние од првата француска лига, како Межеве и Вал д`Изе, но цените во рестораните и кафулињата не заостануваат многу.


7. Спортвелт Амади – Австрија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-2-del-2

Најтешката патека на Светскиот куп е во Флашаванклу додека патеките во областа Три долини не бараат натпросечни вештини. Ски картата важи за целата област.

  • Жичници: 277
  • Патеки: 807 км
  • Патеки за скијачко трчање: 200 км
  • Највисок врв: 2188 м (Гамскожел)

Поволната местоположба на автопатот Таурен и разновидните понуди го прават системот на гратче околу Сазбург, под заедничко име Салзбургер Спортвелт Амади, лесно достапен и една од омилените дестинации.

Во Австрија, па дури и по целите Алпи, Спортвелт Амади се смета за еден од најдобрите ски центри. Жичниците се модерни и постојано се обновуваат, патеките се добро одржувани и уредени, а со оглед на големината и ширината има избор за сечиј вкус.

Секое место е поврзано со бесплатни автобуси и со воз. Флачау е туристички центар во целиот комплекс и популарен е по тоа што во него живее најдобриот скијач во последните 10 години – Херман Маиер. Тука, покрај Аштрбана се наоѓа и ноќната осветлена писта долга 1,5 километри. Најдобрите патеки се во Заухенсеу.

Спортски содржини

Од останатите спортски содржини, областа нуди навистина сè: лизгање, летање змејови, јавање на отворено и затворено, тенис, брзо лизгање. Оние со вишок енергија можат да запишат и курс за градење колиби која ги опфаќа сите процеси – од сечење на стебло до изградување систем за природна изолација и вградување прозорци.


8. Сант Антон / Алберг – Австрија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-2-del-3

Типично тиролско место во кое се чувствува интернационалниот дух, веќе со години ги привлекува гостите од целиот свет и нуди сместување за сечиј џеб.

  • Жичници: 83
  • Патеки: 270 км
  • Надморска висина: 1300 м
  • Највисок врв на жичница: 2811 км
  • Патеки за free ride: 170 км
  • Патеки за скијачко трчање: 65 км

Ова скијалиште во областа Ски Алберг е едно од најпознатите воопшто и едно меѓу најдобрите на Алпите. Тука за секого може да се најде по нешто. Понудата на сместувањето варира од скапи ексклузивни хотели до евтини пансиони и апартмани.

Местото е уредено на типичен тиролски начин, но на секој чекор се чувствува меѓународниот дух. За разлика од некои други скијалишта во околината, кои се окупирани од германски гости, во Сант Антон се среќаваат скијачи од целиот свет, па не е необично да се слушнат многу различни јазици. Сето тоа зборува дека Сант Антон има посебно место на скијачката мапа на Алпите.

Терени за скијање и бордање

Големата понуда на „apres ski“ барови, ресторани и дискотеки е една од подобрите на Алпите. Сант Антон гарантира забава до доцните часови. Разноличните и добро уредените терени ги привлекуваат вистинските скијачи, но и сноубордери кои овде може да најдат бројни терени за своите егзибиции.


9. Вал Д`изе / Тинис – Франција

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-2-del-4

Ги има сите видови патеки, од благи до off рути по длабок снег. Некои патеки се легендарни како што е Фас ду Белвард на која е одржан и олимписки спуст.

  • Жичници: 90
  • Патеки: 300 км
  • Број на патеки: 131
  • Школи за скијање: 19
  • Глечери: 2 (Гранде Моти и Писаилас)
  • Надморска висина: 1850 м

Во долината на реката Изе високо во Алпите, сместен е едно од најубавите планински гратчиња, Вал д`Изе. Долината е туристички и скијачки рај во кој доаѓаат луѓе од сите страни на светот.

Околу старото градско езеро има многу хотели и куќи со апартмани. Низ целото место возат скијачки автобуси, па не мора да се оди пешки до жичниците. Скијалиштето е споено со соседното Тигнесом (2100 м) познато е под името Л`Еспаце Кили.

На планините Солаисе и Рохере де Белеварде се наоѓа главното скијалиште до која фодат жичниците ид самото место. Споено се и со делото скијалиште во соседното Тињес. Има секакви видови патеки од благи за почетници до off рути по длабок снег далеку од цивилизацијата.

10. Вал Гардена  - Италија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-2-del-5

Овде секако треба барем да се погледне замрзнатата патека Сасолунго, на која учесниците на Светскиот Куп се спуштале со брзина поголема од 100 км/ч.

  • Жичници: 83
  • Патеки: 175 км
  • Црвени и сини патеки: 60 км
  • Надморска висина: 1563 м
  • Скијалишта во околината: 11

Долината со посебен шарм, Вал Гардена се наоѓа во срцето на Доломитите и се вбројува меѓу водечките светски скијачки центри. Со своите жичници е поврзана е со Села Рондом.

Во долината се сместени добро поврзани места Волкенштаин/ Селва Гардена, Санта Кристина, Санто Улрих, Селва Гардена е туристички центар на долината и во неа се наоѓаат најмногу хотели, апартмани и ресторани па изобилува со несекојдневни содржини.

Наша препорака:

За целодневен одмор на снег тука е и Сел Роди, систем од жичници кои се движат од Селва Гардена, Арабе, Корваре и Канаѕеија, преку четири превои во Доломитите, опкружени со високи карпи Стела. За да ги поминете сите патеки чија вкупна должина е 37 км потребни се 5 часа.

Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg