5 најдобри сафари дестинации во Африка

Ако сакате една поинаква авантура, возбудливо патување и бегство од досадното секојдневие, тогаш сафари во Африка е идеален избор.

najdobrite-5-safari-destinacii-vo-afrika-01

Места какви што досега не сте виделе и не сте доживеале. Природа во која ќе сретнете мајмуни, лавови и слонови кои поминуваат покрај вас. Возбуда и изненадувања на кои им нема крај.

Ова се петте најдобри сафари дестинации во Африка:

1. Шумски резерват Bwindi

Се наоѓа во Уганда. Кога шетате низ планинските шуми водачите советуваат да не ги гледате горилите во очи, но тоа е речиси невозможно кога поминуваат покрај вас и ве гледаат со нивните длабоки мистериозни очи. Ќе бидете воодушевени од пејзажите, вулканите и водопадите.

5-najdobri-safari-destinacii-vo-afrika-1


2.
Национален парк Etosha

Се наоѓа во Намибиа. Има исклучителна убавина како ретко каде на друго место. Познат е по тоа што тука може да ги сретнете најголемите слонови во Африка и црните носорози.

Единствени и уникатни глетки може да забележите додека се возите. Импресивни се и колибите кои изгледаат како куќи на дрво од кои имате неверојатен панорамски поглед.

5-najdobri-safari-destinacii-vo-afrika-2


3. Национален парк Chobe

Се наоѓа во Боцвана каде може да доживеете едно од најубавите пловења по кристално сината река.

Најдобро е да отидете на водено сафари за да го видите дивиот свет по бреговите околу реката. Може да го запознаете и племето Бушмани и да ја откриете нивната необична култура.

Овде се нудат и одлични современи места опремени со спа центри и гурманска храна.

5-najdobri-safari-destinacii-vo-afrika-3


4. Национален резерват Masai Mara

Се наоѓа во Кенија и е најпопуларното место за африканско сафари. Познато по големата миграција на зебри и газели.

Се смета за едно од полуксузните сафари каде се нудат посети на некои плажи и тури со хеликоптер или традиционално џип сафари.

5-najdobri-safari-destinacii-vo-afrika-4


5. Национален парк Hwange

Се наоѓа во Зимбабве и се смета за најголем во таа област. Најпознат е по големиот број слонови, лавови и носорози.

Тука се наоѓаат и Викториините водопади кои претставуваат огромна туристичка атракција.

5-najdobri-safari-destinacii-vo-afrika-5

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg