Возбудливи места во Бразил кои морате да ги посетите еднаш во животот
Време е да заборавите на сите места кои досега сте ги посетиле и да се спакувате за една нова авантура.

Барем еднаш во вашиот живот посетете некое од овие места кои сигурно ќе ве исполнат со прекрасни спомени и незаборавна природна убавина.
Посетете го Бразил и подгответе се за нови доживувања:
1. Chapada Diamantina
Оваа природна убавина се наоѓа во Bahia. Местото е познато по ископувањето и преработката на дијаманти, па токму од таму го добива и самото име. Пештерите буквално ќе ви го одземат здивот и истите се совршени за неверојатни фотографии.

2. Fernando de Noronha
Архипелаг од 21 остров и помали островчиња на Атланскиот океан. Ова место е создадено за нуркачи и сите оние кои уживаат во возбудлив и забавен живот. Во 2001 година ова место било прогласено за светско природно наследство.

3. Corcovado
Се наоѓа во прекрасниот Rio de Janeiro и важи за едно од најпосетените места во светот. Бидете сигурно дека кога и да отидете ќе сретнете преку илјадници туристи во прекрасното Corcovado.

4. Jericoacoara
Ова прекрасно место се наоѓа во Ceará. Доколку сте умори од градските гужви и буката тогаш пакувајте ги вашите куфери и тргнете на оваа дестинација. Далеку од сите, ова мало селце е совршено за релаксирање и духовен одмор.

5. Praça dos Três Poderes
Доколку сте заљубени во прекрасна архитектура тогаш заминете во Brasilia. Тука ќе имате можност да ги видите легендарните архитектурски градби на Оскар Нејмер и Лучио Коста.

6. Ouro Preto
Совршена барокна градба и прекрасни цркви ќе пронајдете во местото Minas Gerais.

7. Chapada dos Veadeiros
Прекрасниот национален парк е со огромна површина и е со старост од 1,8 билиони години, што е уште една причина зошто треба да го посетите. Се наоѓа во Goias и се зборува дека дури и камењата се исцелители и го подобруваат здравјето.

8. Amazon
Втората најголема река во светот е дел од повеќе држави. Во однос на оваа посета вашите можности се неограничени, а ќе се запознаете со целата фауна и флора.

9. Lençóis Maranhenses
Местото е прекрасно и зачудувачко, а најдобар период за да го посетите е помеѓу Јули и Септември за време на дождливата сезона, бидејќи тогаш дините се полнат со вода и сето тоа изгледа одлично.

Уште 8 места кои не треба да ги пропуштите на следната страна...
