Туристички бонтон и табуа ширум светот

Ги спакувавте куферите, ги чекиравте картите и подготвени сте за нова авантура? На одмор би требало се да е дозволено, но сепак постојат работи кои не смеете ни да помислите да ги направите, барем на одредени дестинации.

turisticki-bonton-i-tabua-sirum-svetot-01

Затоа внимателно читајте и запишувајте!

1. Ако паднете во искушение Индија да ја обиколите со мотор, внимавајте каде се движите и каква опрема имате на вас. Во одредени делови од Индија на жените им е строго забрането да носат кациги, колку и да ви звучи чудно.

2. Ви се исполни желбата да присуствувате на гламурозна премиера во Калифорнија? Имате феноменален фустан за таа пригода? Тогаш, по враќањето од забавата седнете на седиштето до возачот. Дамите во вечерни фустани строго е забрането да седат зад воланот.

3. Ако се најдете во љубовна афера во Кореја, никогаш ама баш никогаш не испишувајте секси пораки со црвен кармин на огледалото. Ова за нив е културно непочитување и прекршување на духовните правила.

4. Ручавте во некој елитен ресторан во Австрија, Италија, Германија или Малезија и само неколку секунди подоцна извадивте гума за џвакање од џебот? Сопрете се веднаш! Тука џвакањето на јавно место е грубо кршење на бонтон правилата.

5. Ако се најдете во земјата на виното и сирењето и ве поканат на вечера, ни во сон не планирајте да однесете шише вино. Во Франција тоа е едно големо НЕ!

6. Ако имате пријатели во Кина и се одлучите да им купите подарок, би требало да знаете дека часовниците и чадорите не се идеален избор. Всушност, Кинезите веруваат дека овие работи носат несреќа.

7. Додека многумина доцнењето го доживуваат како непристојност, во Венеција е пожелно да задоцните на ручекот. Ако се појавите на време, тогаш нешто сте направиле погрешно.

turisticki-bonton-i-tabua-sirum-svetot-02

8. Ако се најдете на егзотичните плажи или локали низ Дубаи, во никој случај не помислувајте да размените нежности со партнерот. Тука казните се строги по ова прашање и најчесто осудените за водење љубов на јавни места завршуваат со 3 месеци затвор.

9. Планирате патување во Бурма? Тогаш подгответе се да им кажете збогум на социјалните мрежи. Во оваа земја интернетот е строго забранет.

10. Без оглед на тоа дали сте во ресторан или кај некого дома, во Поругалија се смета за голема навреда доколку побарате сол и зачини кои не се наоѓаат на масата. Секој додатен зачин е знак на понижување на готвачот, а Португалците се доста горди на својата кујна и традиција.

11. Кај нас е вообичаено да им оставите некој денар плус на келнерите, но тоа никако не смее да ви се случи во Јапонија. Ваквиот гест таму се смета за непристоен и навредлив.

12. Во Боливија никако не би смееле да разговарате за пари или за храна, затоа што во спротивно ќе ве карактеризираат како непристојна личност.

13. Кога ќе отпатувате до Милано, нема да имате многу причини за да бидете тажни - првокласна пица и првокласен шопинг се само неколку од многуте причини за среќа. Токму затоа, имајте на ум дека според тамошниот бонтон намуртените лица по улиците на Милано се забранети.

14. Освен ако за тоа немате дозвола, во Камбоџа никако не смеете да ги довикувате луѓето по име.

15. Германците и Американците никогаш не ги прашувајте колкава им е платата. Тоа за нив е страшно навредливо.

Од искуство, нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg