Најубавиот спа центар се наоѓа во Калифорнија (фото)

Сè повеќе луѓе бараат место каде ќе може да избегаат од стресот, како мирните оази кои служат за регенерација духот и телото.

najubaviot-spa-centar-se-naogja-vo-kalifornija-foto-01

Одморот е значаен за здравото тело и смирениот дух. Токму затоа, ваквите места претставуваат главна туристичка атракција и се обрнува многу големо внимание за да се најде подобра понуда.

Едно од таквите места е Cal-a-Vie, оаза сместена во живописно место на 40 минути од Сан Диего.

Околина која особено потсетува на Прованса, ги освоила денешните сопственици на најубавиот спа центар кој го купиле уште во 1998 година на една добротворна аукција.

Џон Хевен се одлучил целосно да го промени својот живот и своите навики со помош на сопругата Тери, па почнал да создава место на кое луѓето ќе доаѓаат за да се чувствуваат подобро.

Резултатот на сето тоа се 32 вили и апартмани уредени во антички стил со антички мебел, а опремени со модерна технологија.

Зависно од желбите и потребите на гостите на располагање им се најразлични третмани за фитнес и разубавување во кои може и самите да учествуваат.

При доаѓањето на секој гостин го чека листа на активности за кои може да се пријави, вклучувајќи самостојни и групни тренинзи.

Тука може да се одбере од кардио вежби, па сè до јога и пилатес.

Во однос на третманите за убавина, може да се одберат најразлични третмани за секој дел од телото.

Посебно внимание се обрнува на менито во кое се наоѓаат само врвни органски состојки и производи.

Истакнуваат дека се нудат популарни диетални оброци, а се обрнува внимание и на сите специфичности на секој гостин одделно, доколку има посебни навики околу здравата исхрана.

Според местото, природата, околината, услугите и луксузот кој го нуди, ова е еден од најдобрите и најубавите спа центри во Калифорнија и пошироко.

Би можело да ве интересира:

На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“ Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање....
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg