6-те најчудни барови ширум светот

Историјата на јавните места за пиење датира од древните времиња. Јавни куќи за пиење, како што се нарекувале во тие времиња, служеле како места за средби на семејства и пријатели.

6-te-najcudni-barovi-shirum-svetot-01.jpg

Денес постојат кафулиња за сечиј вкус и расположение. Но, доколку сте во потрага по чудни, бизарни и необични кафулиња, постојат места кои ќе ги задоволат вашите потреби и вкусови.

Барот „The Eternity“

Eternity bar е еден од најновите туристички атракции во Украина. Целиот бар е гигантски ковчег, долг 20m, широк 6m и висок 6m. Како декор се користат вистински ковчези и цветни аранжмани.

6-te-najcudni-barovi-shirum-svetot-1.jpg


„Dans le Nоаr“

Во потрага сте по уникатно искуство? Пробајте да јадете и пиете во темница. Dans lе Noar буквално ќе ве остави во темница. Овој француски бар иако на прв поглед се чини чуден, не мора да се грижите дека ќе го истурите пијалакот. Персоналот се состои од слепи обучени келнери. Вакви барови постојат и во Лондон, Париз, Барселона и Бангкок.

6-te-najcudni-barovi-shirum-svetot-2.jpg


„The clinic“

Се наоѓа во Сингапур, а како што сугерира името, нејзиниот декор и амбиент личат на медицинска клиника. Болнички кревети одвоени со бели завеси, инвалидски колички, шприцови, епрувети и реквизити. Коктелите се сервираат во вреќи од крв или во големи шприцови.

6-te-najcudni-barovi-shirum-svetot-3.jpg


„Vampire Café“

Сакате да ги пронајдете вампирите? Модерните вампири излегуваат далеку од Трансилванија. Тие одат во Гинза, Токио. Декорот на ова место е составен од крстови, пајаци, черепи, канделабри, бизарни слики и голем ковчег на самиот гроф Дракула. Јапонија се смета за главен град на повеќето невообичаени барови на светот.

6-te-najcudni-barovi-shirum-svetot-4.jpg


„Guácara Taina“ барот

Лоциран во Доминиканската Република, овој бар а е единствениот подземен бар/клуб изграден во внатрешноста на пештера. Се наоѓа 18m под површината, а може да собере до 3.000 луѓе.

6-te-najcudni-barovi-shirum-svetot-5.jpg


„Cova d'en Xoroi“ барот

Познат по својот спектакуларен поглед, Cova d'en Xoroi е неверојатно место за уживање. Овој бар  поставен е во карпи и претставува една од главните туристички атракции на одморалиштето Cala’en Porter на јужниот брег на Менорка.

6-te-najcudni-barovi-shirum-svetot-6.jpg

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач) Носите куп облека и работи за секој случај кои никогаш нема да ви требаат, како ...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg