„Лажни“ градови ширум светот кои се изградени за да привлечат туристи

Лас Вегас, Дубаи и Канкун се добро познати туристички дестинации кои имаат една заедничка работа – сите се „лажни“ градови изградени специјално за да намамат туристи во регионите кои пред 100 години биле само песочни дини и пустини во недоглед.

lazni-gradovi-shirum-svetoto-koi-se-izgradeni-za-da-privlecat-turisti-01.jpg

Секој град и секоја земја постојано се бори за пораст на туристите, а надлежните лица подготвени се да направат сè за да привлечат што е можно поголем број на туристи за да се забележи пораст на економијата.

Атлантик Сити

Некои тоа го прават преку ТВ Серии како што е случајот со Атлантик Сити кој одново стана туристичка атракција по серијата „Boardwalk Empire“, но бројката сè уште е далеку од тоа како било во 40-тите и 50-тите кога Њујорчаните секоја година го посетувале овој град за својот летен одмор.

lazni-gradovi-shirum-svetoto-koi-se-izgradeni-za-da-privlecat-turisti-001.jpg


Лас Вегас

Некои пак, се одлучуваат да направат масивни градови кои ќе бидат наменети строго за ноќна забава и коцкање, како што е случајот со Лас Вегас. Градот е создаден во 1905-та година и забележал успех и пораст на бројот на туристи откако Невада го легализирала коцкањето.

lazni-gradovi-shirum-svetoto-koi-se-izgradeni-za-da-privlecat-turisti-2.jpg


Канкун

Канкун денес претставува број еден избор на познатите, но пред 45 години на негово место немало ништо друго освен песок. Денес градот има повеќе од 200 хотели и е една од најголемите туристички атракции на Мексико, покрај Акапулко.

lazni-gradovi-shirum-svetoto-koi-se-izgradeni-za-da-privlecat-turisti-3.jpg


Темза

Во Кина инспирацијата им дошла од Европа, односно од Британските острови. За 500 милиони фунти го изградиле градот Темза кој примарно бил одреден како место за меден месец на младенците од средна класа.

Свадбени фотографии со бронзена статуа на Џејмс Бонд или Винстон Черчил, пабови, викторијанска архитектура...

lazni-gradovi-shirum-svetoto-koi-se-izgradeni-za-da-privlecat-turisti-4.jpg


Бенидорм

Бенидорм е еден од најпознатите туристички дестинации во Шпанија кој во 1950-та година бил само малечко рибарско селце. Денес секоја летна сезона има милиони туристи кои се сместуваат во некои од all inclusive хотелите.

lazni-gradovi-shirum-svetoto-koi-se-izgradeni-za-da-privlecat-turisti-5.jpg


Baiae

Како Атлантик Сити, така и Baiae во крајбрежјето на Неапол бил изграден за богатите Римјани, но до 1500 година бил напуштен како резултат на појавата на маларија

lazni-gradovi-shirum-svetoto-koi-se-izgradeni-za-da-privlecat-turisti-6.jpg


Дубаи

Во раните 1900-ти, локацијата на сегашниот град Дубаи се користела како пристаниште за тргување со Иран, во 60-тите станала дестинација на глобалните компании, а денес е една од најпосакуваните и најпосетените туристички атракции.

lazni-gradovi-shirum-svetoto-koi-se-izgradeni-za-da-privlecat-turisti-7.jpg

Би можело да ве интересира:

Неверојатни плажи во јужниот дел на Португалија Само што ќе се спомене Португалија, веднаш ја поврзуваме со песочни плажи, сонче...
Пет градови во регионот со одлична програма за дочекот на Нова година Ако сакате да ги слушате Северина, Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Џибони или Ц...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...
Манастири во Македонија кои вреди да ги посетите - тука верниците го наоѓаат својот духовен мир Скриени во недопрената природа манастирските комплекси во нашата земја се вечни ...
20-те најпосакувани патувачки искуства на луѓето ширум светот Од одмор на Малдивите, до посета на затворот Алкатраз и планинарење на Хималаите...
Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка „Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg