Оваа пролет на листата на патување ставете ја Женева
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Продавач 24-04-2018
Пекар 24-04-2018


Оваа пролет на листата на патување ставете ја Женева

Женева, еден од најскапите градови во Европа, со развиено чувство на култура и град со душа. Атмосферата која ја има во Женева нема да ја почувствувате во никој друг европски град. 

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-001.jpg

Ова е град во кој сите сакат да дојдат и никој не сака да си замине.

Но, високиот стандард на Женева ја прави да биде место, во кое многу мал процент на луѓе можат да си дозволат да живеат таму подолг период.

Лулка на богатите каде на секој чекор има луксузни продавници за часовници и дијаманти, а по улиците е највообичаено да гледате како се движат Ферари или Ламборџини автомобили.

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-2

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-03_3.jpg

Женева е дом на европската елита и многу светски организации.Тука се наоѓа и едно од седиштата на Обединетите нации. Познат е како град во кој живеат во мир, луѓе од секакви националности и раси.

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-5

Најпозната атракција во градот е Женевското езеро со кристално чиста вода. Околу езерото има многу луксузни хотели и вили. Целосната слика околу езерото граничи со фантазија. 

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva_5-1.jpg

Постојат многу места во градот, хотели и ресторани каде може целосно да уживате во погледот и атмосферата...

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-6

Женева е вистинско модно седиште. Најексклузивните брендови за облека имаат по повеќе луксузни продавници. Овој град ќе ве вовлече во шопинг манија и убавите излози ќе ве примамат да потрошите многу повеќе, отколку што сте планирале.

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-4

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-6-1.jpg

Женева има богат ноќен живот. Има многу престижни дискотеки и клубови, каде може да сретнете и многу познати личности. А, кога не сте расположени за излегување, може вечерта да ја поминете и во многубројните продавници за швајцарско млечно чоколадо.

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-07.jpg

Слободните денови во Женева се поминуваат во шопинг, шетање покрај езерото, ручање во гламурозни ресторани каде само една чаша вино ќе ви ја зголеми сметката за преку 100 фунти и избор на беспрекорорен накит во познатата трговска улица.

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-003.jpg

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-3

Женева може да се пофали и со преубавиот замок кој се наоѓа на брегот на езерото. Замокот во текот на годините служел како инспирација на интелектуалци како Виктор Иго и Гистав Флобер.

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva-8

Иако градот е привлечен за скијачите во зима, неговата убавина најубаво ќе ја доживеете во пролет. Има многубројни концерти на популарни артисти и кино под отворено небо, сето ова додека во близина го гледате зајдисонцето над езерото.

ovaa-prolet-na-listata-na-patuvanje-stavete-ja-zeneva--10_copy.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Паркови, плажи и езера: 6 чуда на природата кои секој треба да ги види... Розовото езеро во Австралија, Јапонија во април, Нијагарините водопади и многу д...
Топ 10 најдобри градови за шопинг Секоја година, читателите на магазинот Travel + Leisure одбираат најдобри места ...
Одмор во Порторико – што да посетите? Кога ќе се спомнат Карибите, прво нешто што ни паѓа на ум на сите, се Бахамите и...