5 прекрасни места во светот кои изгледаат нереално
Секако дека вашиот одмор на плажа е совршен и никако не сакате да го пропуштите, но веќе знаете што точно да очекувате и не можете да се изненадите и да бидете нешто посебно воодушевени.

Затоа, следниот пат кога ќе патувате, земете ги во предвид овие места кои мора да ги видите, за да верувате дека навистина постојат:
Розевото езеро, Австралија
Езерото не ја има секогаш оваа боја, но кога е обоено во розево, е една од најпрекрасните глетки кои сте ги виделе. Бојата е резултат на алги што го акумулираат црвениот пигмент - бета каротен.

Кападокија, Турција
Ова место е преполно со воздушни балони. Од неодамна стана една од најпознатите Инстаграм локации за прекрасни фотки. Целиот простор е со необични облици на карпи и градби кои ги примамуваат туристите.

Полиња со лаванда, Франција
Овие полиња ќе ве примамат засекогаш да останете во Франција. Погледот е како да сонувате и полето изгледа како да се протега до крајот на земјата.

Морската пештера Бенагил, Португалија
Тргнете на незаборавна прошетка покрај овој несекојдневен пејзаж, каде водата е кристално чиста и сина. Ја нарекуваат и пештера со отворен покрив, затоа што можете од секој дел на пештерата да го видите синото небо.

Кекенхоф парк, Холандија
Oва место, поради бојата на цвеќињата изгледа како да е најсреќното место на светот. Нема нешто што може повеќе да ве расположи од оваа колоритна глетка.

А. В. | Црнобело