Наместо да полага - патува: 20-годишното момче кое ги тестира седиштата во авионите

Алекс Мачерас за разлика од повеќето луѓе кои имаат 20 години исто како и него, наместо да се подготвува за испити и тестови, да си ја нурнува главата во книгите и да учи, патува ширум светот тестирајќи ги најдобрите седишта на првата класа на авионите.

20-godishnoto-momce-koe-prvo-gi-testira-najdobrite-sedishta-vo-avionite-01.jpg

Роден е со потребата да патува, а за BBC и Sky News прави анализи на летовите уште од 14 години.

Сега ги тестира новите авиони пред да бидат пуштени во употреба и споделува фотки од неговите патувања на Инстаграм и Твитер.

Заради своето искуство тој е професионалец во одбирањето на најдобрите летови кога патува и вели дека комерцијалните летови имаат многу финти со кои клиентите најчесто не ја добиваат најдобрата зделка која можат да ја добијат.

Според него, вели дека најевтини летови се оние кои можете да ги поделите на повеќе од еден, ако сте флексибилни со време.

„Ако сакам да стигнам од Лондон до Њујорк нема да купам директен лет. Прво би патувал до Стокхолм, па до Њујорк за да ги избегнам таксите кои доаѓаат со напуштање на Лондон.“ - дава пример.

„Последниот пат кога патував од Лондон до Сингапур, прво допатував до Шпанија, а потоа до Сингапур и заштедив многу пари“ - додава тој.

Дел од неговите фотки на социјалните мрежи:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg