Ако некогаш се решите да патувате со автостоп - Што треба да знаете?

Понекогаш не ни требаат многу пари кога знаеме дека постојат начини да го пропатуваме светот и тоа со минимален буџет. Гледано отстрана, самата помисла на непостојаност и стремење директива во епицентарот на непознатото изгледа обеспокојувачко. Доволно за да нè демотивира и од умот да добиеме сочен, а воедно и побезбеден предлог, кој би ги задоволил неговите каприци.

ako-nekogas-se-resite-da-patuvate-so-avtostop-sto-treba-da-znaete-001.jpg

Сите автостоп патувањето го поврзуваат со хипи движењето, начин кој успешно функционирал пред триесеттина година, но не и денес. Уште веднаш мора да го оспорам тврдењето кое кружи помеѓу луѓето.

Моето досегашно искуство и изминати над 35.000 автостоп километри зборува за сосема поразлична верзија на реалноста. Секако, разрешетана со подеми и падови, емотивни отцепувања и изблици на среќа.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Во продолжетокот од текстот сакам да посочам неколку совети, но не и да убедувам некого. Оние нешта што важат за мене, не значи дека на ист начин ќе функционираат и кај другите, но без разлика на сè, од големо значење е да се најде добро и безбедно место од каде ќе започне стопирањето.

Генерално гледано, може да се стопира од каде и да посакате. Но, кога автомобилот ќе има доволно време да ве види, а возачот да размисли секунда-две дали воопшто сака да ве земе со себе и безбедно да застане, без да пречи на сообраќајот, тогаш тоа е најсигурната опција што може да постои. Испружениот палец секогаш знае да ги придобие луѓето.

Она, што можеби звучи како истрошена креда е тврдењето дека секогаш треба експресиите на лицето да бидат позитивни. На тој начин полесно се придобиваат луѓето, без разлика какво и да ти е расположението, најди причина и искези се, ама онака искрено, на тој начин што возачот ќе те доживее како пријатна личност.

Уште поголема конекција се остварува преку контакт со очи. Јас кон тоа целам, возачот, како и секое човечко битие има потреба од туѓо присуство и во моментот кога ќе ти ги види очите, без очила за сонце или слично, ситуацијата може да биде во твоја корист.

Кога имам простор, тоа најчесто се случува на бензински пумпи, почнувам да зборувам со возачот, кој потенцијално може да ме префрли до следната дестинација. Голем дел од нив кога ќе видат натоварен, налик на полжав со човечки облик, знаат да постават бариери помеѓу двете страни.

По извесно време ќе се најде добродушен човек, кој сметајќи дека си интересен и забавен за муабет, ќе те качи. Или некогаш и тој самиот стопирал па на овој начин сака да ја покаже солидарноста.

Палецот во најголем број на случаи може да заврши работа, но кога ќе ја имаш напишано дестинацијата на картон тогаш шансите значително се зголемуваат.

Секако ако патуваш од Берлин до Париз нема да ја напишеш француската метропола, затоа што патот е долг, а шансите речиси невозможни да се најде автомобил кој ќе вози по таа рута. Па така, можат да се нотираат поголемите градови или да се напише „север“, „југ“, во зависност на која страна се наоѓа одредницата.

Ова е само еден мал дел од верзии на ситуации што можат да се случат за време на автостоп, односно да се олесни овој вид на патување. Никогаш не се знае, но едно е сигурно, дали за пет минути, еден час или десет, некој ќе ја сопре колата и ќе те качи.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg