Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Грешки кои повеќето туристи ги прават во посета на Копенхаген

Пријатен, добро среден и еден од најрелаксирачките градови е токму Копенхаген.

greshki-koi-povekjeto-turisti-gi-pravat-vo-poseta-na-kopenhagen-01.jpg

Ретко кој не сака да го посети овој прекрасен дански град и да прошета низ улиците во кои ќе се заљуби.

Сепак, како и за сите останати места, така и за Копенхаген важи истото правило.

Грешката која повеќето ја прават е тоа што посетуваат само некои популарни туристички атракции и забораваат вистински да ја почувствуваат магијата на градот.

За да не ви се случи тоа и целосно да го доживеете искуството во Копенхаген, внимавајте на следниве грешки:

Не практикување на „hygge“

„Hygge“ е начинот на живот кој Данците го практиквуаат, а значи удобност и уживање во моментите на релаксација.

Седење покрај камин, пиење кафе со пријатели, читање книга, лежење во кревет, излет – било што што ви претставува чувство на смиреност и исполнетост.

Па, наместо да брзате низ улиците и динамично да го поминете времето во овој град, впуштете се во „hygge“ начинот на живот.

greshki-koi-povekjeto-turisti-gi-pravat-vo-poseta-na-kopenhagen-02.jpg

Премногу набиена агенда и немање време за кафе

Копенхаген има многу кафулиња кои се идеални места каде може да поминете голем дел од времето.

Можеби на некое друго место не би сакале да го „губите“ времето на кафе, но во овој град верувајте дека ќе се чувствувате прекрасно.

Дури, може да се смета и за непристојно ако не „отседнете“ во кафуле.

greshki-koi-povekjeto-turisti-gi-pravat-vo-poseta-na-kopenhagen-03.jpg

Грижење за безбедноста

Доколку патувате во Данска со семејство, немате потреба од грижи за безбедноста, бидејќи во Копенхаген криминалот е на завидно ниско ниво.

Тоа им овозможува на родителите пријатен престој без грижи и тие слободно ги оставаат децата во количка сами додека јадат или разговараат со некого.

greshki-koi-povekjeto-turisti-gi-pravat-vo-poseta-na-kopenhagen-04.jpg

Возење наместо пешачење или велосипедизам

За да ги потрошат сите вкусни печива и кафиња, Данците остануваат во форма така што секаде одат со велосипед или пешки.

Ако сакате да го доживеете Копенхаген како локалец, изнајмете велосипед од било кое место во градот (ги има многу).

Сепак, ако мислите дека не може да стигнете, јавниот превоз е одличен, но градот е мал, па не грижете се, можете дури и пешки.

greshki-koi-povekjeto-turisti-gi-pravat-vo-poseta-na-kopenhagen-05.jpg

Јадење само во ресторани

Доколку имате можност, не ја пропуштајте и искусете ги оброците во дански дом. Доколку имате пријатели или познаници кои ќе ве поканат, прифатете.

Не е гаранција дека ќе биде добро, но повеќето кои го искусиле тоа, велат дека е посебно чувство на „hygge“ во комбинација со домашно подготвена храна, пријатен разговор со друштво и дански домаќини.

greshki-koi-povekjeto-turisti-gi-pravat-vo-poseta-na-kopenhagen-06.jpg

Пропуштање на едно посебно искуство во Кристијанија

Ова е најслободниот град во светот, а се работи за проект кој постои во Копенхаген, односно легендата на алтернативната култура. Нешто повеќе за ова прочитајте во патешествието на Евгениј во Кристијанија

greshki-koi-povekjeto-turisti-gi-pravat-vo-poseta-na-kopenhagen-07.JPG

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
5 места низ Македонија кои може да ги посетите за викенд, според наш туристички водич (видео) Ако сакате да тргнете на еднодневна прошетка низ Македонија, или да заминете на ...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg