Плоштади во светот посветени на книжевни великани

Несомнено каде и да одлучиме да патуваме мора да поминема покрај некој плоштад. Површината што го опишува и продлабочува секое место содржи информации што на нам, патниците ни го привлекува вниманието. 

plostadi vo svetot posveteni na knizevni velikani 6

Во зависно од тоа каков интерес преовладува кај личноста, секој си има свои критериуми по кои си ги одредува маршрутите.

За сите оние кои се заглавени во светот на литературата, следува листа на интересни плоштади кои ги носат имињата на светски книжевници:

Plaza de George Orwell

Кога ќе ја посетите Барселона во Готскиот кварт се наоѓа еден интересен плоштад посветен на британскиот писател Џорџ Орвел кој имал посебна наклонетост спрема Каталонија.

Plaza de George Orwel претставува алузија за граѓанската декаденција и е место со неколку интересни барови, контроверзна скулптура каде секој турист се фотографира со истата и прекрасен поглед, кој овозможува вистинско уживање.

plostadi vo svetot posveteni na knizevni velikani 1

Goetheplatz

Во 1844 година во Франкфурт е поставен споменик на великанот Јохан Волфганг фон Гете, на сите познат по нејзиното дело Фауст. Goetheplatz претставува северен продолжеток на Rossmarkt.

Германскиот романописец, поет и филозоф зазема значајно место во историјата на Германија и со децении наназад е почитуван и ценет генијалец.

plostadi vo svetot posveteni na knizevni velikani 4

Praça Luís de Camões

Во самата срцевина на Лисабон се наоѓа плоштадот именуван по еден од нивните најпознати поети Луиш ди Камоиш. Речиси секојдневно има разновидни активности и музички настапи.

Опкружен со пекари, барови и ресторани оваа Лисабонска локација е задолжително место за секој посетител.

plostadi vo svetot posveteni na knizevni velikani 2

Jack London Square

Според авторот на Повикот на дивината во Oakland, California се наоѓа плоштад, кој претставува одредница на продавници, ресторани, хотели, железничката станица Amtrak и пристаниште за фери бродови.

plostadi vo svetot posveteni na knizevni velikani 3

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg