Градините Тиволи во Копенхаген: збир на паркови, ролеркостери и вкусна храна

Копенхаген отсекогаш имал што да понуди. Од бајковидни мотиви на Ханс Кристијан Андерсен низ градот, слободниот град Кристијанија, шарените куќарки на Nyhavn, градините Тиволи и уште една долга низа на сетилни доживувања.

gradinite-tivoli-vo-kopenhagen-zbir-na-parkovi-rolerkosteri-i-vkusna-hrana_8.jpg

Забавниот парк Тиволи, секоја година е домаќин на милион посетители ширум светот. Таму може да сретнете луѓе од секаква генерација, кои примамени од зеленилото и естетско смислените градби те спроведуваат во еден свет, поразличен од оној во кој сме навикнати да живееме.

Сместен во самиот центар на град, веднаш до главната железничка станица во Копенхаген, омилената дестинација на туристите секогаш знае да ги изненади своите посетители.

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 4

Отворени во 1843 година, градините Тиволи се сметаат за национално богатство на Данска, како еден значаен печат, кој сведочи за историјата на едно општество и култура.

Покрај голем број на познати личности кои наминале во паркот, Ханс Кристијан Андерсен бил редовен посетител, кој често знаел да фаќа забелешки за своите приказни. Исто така и Волт Дизни имал навика да го посетува паркот. Можеби Тиволи во еден сегмент потсетува на Дизниленд, но мора да се потенцира дека ова е многу помало место со ограничен капацитет на објекти.

Поради тоа што е во централниот дел од Копенхаген, нема простор да се проширува, затоа мора да го искористат веќе постоечките граници.

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 2

За сите љубители на адреналин постојат ролеркостери, кои навистина ќе ве извадат од кожа. Во градините Тиволи се наоѓа најстариот дрвен ролеркостер од 1914 година, кој сé уште функционира и e достапен за сите.

Како новитет на паркот е ролеркостерот The Demon, кој преку виртуелна реалност ќе те спроведе во еден посебен универзум со души-талкачи и пиротехника. Луѓето остануваат премалени после возењето, и додека трае урнабесната авантура сите врескаат. Во секој случај, ова е интересно доживување и ако се преживее после може да се прчите пред другите.

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 1

Во градините Тиволи има голем избор на храна. Од данска и француска кујна, па сé до азиска. И да, цените се изгор. Но, слободно можете да си седнете на пикник на тревата и да уживате во опкружувањето.

Ноќите посебно се шармантни, иако во Данска летниот период се стемнува дури после 23 часот, сепак атмосферата навистина е магична, кога околу себе ќе гледате илјадници светулки во разни бои кои те смируваат, колку и да си растроен.

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 5

Оваа кул место во Копенхаген, секогаш знае да биде преполно со посетители. И ако некогаш се најдете во данската престолнина, без двоумење наминете до овие градини и не заборавајте да се фотнете. Не за друго, туку да можете кого и да посакате да ги освежите спомените од вашиот живот.

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 3

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 6

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 7

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 11

gradinite tivoli vo kopenhagen zbir na parkovi rolerkosteri i vkusna hrana 10

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата н... Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што мо...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg