4 европски плажи кои е најдобро да ги посетите по летната сезона

Патувањата надвор од туристичката сезона носат многу поволности, покрај поевтините аранжмани и летови.

4-evropski-plazhi-koi-e-najdobro-da-gi-posetite-po-letnata-sezona.jpg

Иако времето на крајот на септември може да биде променливо, уживањето со помалку гужва и пониски цени во баровите и рестораните носат дополнително уживање.

Ова се четирите европски плажи кои годишно привлекуваат милиони туристи, а на крајот на сезоната блеснуваат во својата целосна убавина:

Балос на Крит

Балос се наоѓа на северозападниот дел на Крит, во близина на Ханија. Оваа плажа е многу популарна, а до нејзе се доаѓа со такси-пловила или со траекти од пристаништето Кисамос.

Покрај чистата вода, во овој период тука можете да видите и многу ендемични видови на животни и растенија.

4-evropski-plazhi-koi-e-najdobro-da-gi-posetite-po-letnata-sezona-01.jpg

Сината лагуна на Комино во Малта

Ова е една од најпопуларните локации во Малта, бидејќи се работи за скриено место помеѓу два острова, опкружено со карпи.

Во Малта топлото време останува и во септември и во октомври, а некогаш и потоа, па затоа може да се посети и во овој период.

4-evropski-plazhi-koi-e-najdobro-da-gi-posetite-po-letnata-sezona-02.jpg

Мондело на Сицилија

Се наоѓа во близина на Палермо, но и покрај тоа, нуди целосен контраст на градскиот живот. Некогаш Мондело била нерасчистена и полна со мочуришта, но потоа е уредена во вистински рај.

Во текот на сезоната има навистина премногу туристи, но при крајот на септември може целосно да се доживеат нејзините убавини.

4-evropski-plazhi-koi-e-najdobro-da-gi-posetite-po-letnata-sezona-03.jpg

Плажата Ниси на Аја Напа во Кипар

Островче кое во секој дел од годината нуди различни природни убавини. Преку лето, се работи за прекрасен залив со бел песок и плитка, но бистра вода. Преку зима и во пролет, при ниска плима, се отвора тајна патека до островот, која летните туристи не можат да ја видат.

Ова е одлично место за соло одмор, а богатата вегетација го прави совршено место за наоѓање на внатрешен мир.

4-evropski-plazhi-koi-e-najdobro-da-gi-posetite-po-letnata-sezona-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 европски патувања (со автомобил) на кои треба да отидете барем еднаш во животот Некои патувања се создадени за авантура, а не само за туристички разглед. Затоа,...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg