Низ објективот на Евгениј Хоуп: Како изгледаат португалските плажи во зима?


Низ објективот на Евгениј Хоуп: Како изгледаат португалските плажи во зима?

Ако во следниот период патот ве наведе накај Португалија, запомнете дека треба да го посетите и Алгарве, најјужниот дел од државата. 

Kako izgledaat portugalskite plazi vo zima 8 copy

Можеби и не е баш вистинска сезона за слични екскурзии, но ако немате трпение тогаш не откажувајте се од замислата.

Иако сé уште е зима, во Алгарве ќе налетате на сончеви денови и температура што ќе ви годи. Не е исто како во јули и август, но барем ќе се надишете свеж воздух и ќе може да шетате без дебели јакни, шалови и ракавици.

Живописниот предел со излез на Атлантскиот Океан има голем број на плажи, кои во зима посебно се примамливи. На виделина излегува скриената убавина, која понекогаш едноставно не може да се види уште веднаш.

Без разлика дали ќе се одлучите да отседнете во Фаро, Лагос, Портимао, Алвор или некои други селца и гратчиња, знајте дека го правите вистинскиот избор.

Нема да налетате на голем број на туристи, освен постари брачни парови, па можно е посетените места да ви изгледаат малку пусто. Но, и за тоа има решение.

Тука се песочните плажи, кои обвиени во зимската осаменост ќе ви обезбедат едно уживање во брановите на Атлантскиот Океан и тишината што ќе продре длабоко во вас.

И покрај тоа што годишно Алгарве го посетуваат неколку милиони туристи од целиот свет, а истите песочни плажи во лето се пренатрупани со луѓе, овие самотнички месеци може да се препуштите на еднакво поинакво уживање.

Патешествие, преку кое ќе согледате еден дел од убавините на Португалија. И кои гордо ќе ги прераскажувате на другите.

Kako izgledaat portugalskite plazi vo zima 5

Kako izgledaat portugalskite plazi vo zima 5

Kako izgledaat portugalskite plazi vo zima 5

Kako izgledaat portugalskite plazi vo zima 5

Kako izgledaat portugalskite plazi vo zima 5

Kako izgledaat portugalskite plazi vo zima 7 copy

Kako izgledaat portugalskite plazi vo zima 7 copy

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шармантни гратчиња на југот на Португалија кои треба да ги посетите Југот на Португалија во последните години ги привлече туристите и стана еден од ...
3 скриени локации во Шпанија кои вреди да ги посетите Се ближи периодот на патувања. Голем дел од нас веќе со нетрпение чекаат да го н...
Наместо на снег, одете некаде на плажа - Зошто да ја посетите Португал... Неодамна ми дојде идеја да ја посетам Португалија во зима. И додека така размисл...