„Соба под отворено небо“ на 20 километри од Куманово
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 24-04-2019


„Соба под отворено небо“ на 20 километри од Куманово

Мислам дека редно време беше на небото да се појави сонце. А, и температурата барем малку од малку да се покачи. Верувам дека сите уживавме во зимската идила, како што сакаме да ја нарекуваме, но сепак, крајно време е за промена. Пополека може да почнеме се подготвуваме за пролетта.

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 7

Минатиот викенд, заедно со неколку другари решивме да го посетиме манастирот Забел, па пред да влеземе во селото Старо Нагоричане, кое се наоѓа на петнаесетина километри од Куманово, направивме пауза.

Да бидам искрен, со нетрпение чекав да ги започнам новите патувања низ Македонија.

На пола пат до Забелски манастир, на еден рид, така малку запустен, налетав на едно номадско засолниште. Не знам како другите го нарекуваат или гледаат на него, но барем моите очи видоа таков концепт.

Гледав неколку секунди, онака без да трепнам. Можеби нема да ми верувате, но за миг помислив дека се наоѓам во некоја хипи-комуна. Фалеше само уште да видам развеселени луѓе, кои облечени во колоритна облека, пееја и го славеа своето постоење.

Секако, овие идилични помисли траеа кратко. Штом го слушнав гласот на моите другари, се приземјив. И останав зачуден како „собата под отворено небо“ сé уште е сочувана, а не демолирана.

Од лично искуство знаеме дека ретко може да му побегнеме на вандализмот, или како и да го нарекуваме тоа неконтролирано штетење. Немав поим чија е идејата за изградба на ова засолниште, но на една тракторска гума пишуваше „Ванцо“. Веројатно истиот Ванцо има некаков удел во сето ова.

View this post on Instagram

На пола пат до Забелски манастир, на еден рид, налетав на едно номадско засолниште. Не знам како другите го нарекуваат, но моите очи видоа таков концепт. Гледав неколку секунди, без да бидам свесен дали за миг се најдов во еден од хронотипите на „Годините кога научив да летам“, или сето тоа само го замислував. Кога го слушнав гласот на моите другари, се приземјив. И останав зачуден како сè уште „собата под отворено небо“ е сочувана, а не демолирана. Не знам чија е идејата за изградба на ова засолниште, но на една тракторска гума пишува „ВанЦо“. Веројатно тој ВанЦо има некаков удел во ова. Знам дека по повод верскиот празник Голема Богородица, која е слава на манастирот Забел тука се одржува мото-крос трка, па еден другар ми рече дека истото засолниште служи како одморалиште за време на трката. Ако има некој повеќе информации, нека сподели. * * * #dreamplace #dreamdestination #followyourfeet #nomadlife #nomad #macedonia #ig_macedonia #wanderlusters #livingonearth #hikingadventure #naturephotography #campingplatz #woodland #choosemountains #loghome #offthegrid #camplife #outdoorlifestyle #rebornphoto #vscomacedonia #vscobalkan #инстаграмџии #фотонанеделата #фотонаденот #македонија

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Љубопитноста не ме остави рамнодушен, па успеав да се дочепкам до релевантни информации, и тоа од близок роднина на Ванцо.

Човекот решил да го оживее земјиштето кое е во негова сопственост и изградил одморалиште за луѓе. Свесен дека околината со текот на годините пропаднала во заборав, сакал да му вдахне дополнителен живот на местото. И да им обезбеди простор за починка на поединците кои сé уште ја препознаваат убавината на природата.   

Останавме половина час, пред да го продолжиме патот и да се упатиме спрема Забелскиот манастир. За тоа, некој следен пат. Не е интересно одеднаш да се откријат толку кул места низ Македонија.

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 5

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 5

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 5

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 5

Soba pod otvoreno nebo ili odmoraliste za ljubitelite na prirodata 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ фотки: 20 причини да го посетите Златибор во зима Златибор важи за едно од најбајковитите места во Србија, кое има многу што да по...
Куманово, Велес, Охрид... прошетајте низ овие градови преку фотографии... Прво треба да се истражи своето поднебје, па после да се пропатува светот. Оваа ...
Авантура долга 2.000 километри - Од Куманово до Истанбул со автомобил ... Уште еднаш сфатив дека спонтаните одлуки донесени во животот, остануваат најдлаб...