Природна убавина каква што може да се најде само во пештери

Постојат многу скриени убавини во светот, но кој да знае за сите нив? Пештерите секогаш остануваат мистериозни места за истражување, ако еднаш се дрзнеш да ги истражуваш може да ти се наклони среќата и да откриеш еден посебен свет. 

FotoJetglavna 1

Замислете само колку неоткриени места постојат во светот, кои засекогаш посакуваат да останат што подалеку од човечките очи.

Во продолжение следува кратка листа со интересни пештери, кои ветуваат искуство што долго ќе се памети:

The Reed Flute Cave,  Кина

Оваа варовничка пештера е стара дури 1.200 години. Се подразбира дека природната светлина е светло кафеава, но светлата во боја прават да се почувствуваш како да си во некој свет на чудата.

Пред илјадници години, местото било скриено под океан, но откако е издигнато над нивото на водата претставува редок пример на убавина.

FotoJet1 1

FotoJet1 1

Fingal’s Cave, Шкотска

Мистериозната структура на пештерата е вистинско природно чудо. Шестоаголно споените карпи го откриваат патот на некогашниот тек на лавата. Староседелците ја нарекуваат пештера на мелодијата, поради ехото предизвикано од брановите.

FotoJet2

FotoJet2

Пештерите во Алгарве, Португалија

Најјужниот дел од Португалија има навистина впечатливо крајбрежје, богато со варовнички карпи и пештери. 

Самото крајбрежје може да се истражи со брод, и нема поубаво чувство од пловење во Атлантскиот Океан и согледување на неговите убавини. Пештерите можат да се истражат и додека шетате на плажи.

Една од причините зошто туристите го сакаат регионот Алгарве, покрај забавите, се токму и скриените пештери кои постојат таму.

FotoJet7

FotoJet7

Batu Caves, Малезија

Ова место треба да се посети. Нема потреба од дополнителни зборови, доволно е само да се погледнат фотографиите од пештерата, која во своето подножје крие храм.

Високите хинду-статуи и згради во внатрешноста на пештерата ќе ви обезбедат енигматски искуствa исто како од филмови.

FotoJet6

FotoJet6

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg