10-те најскапи острови во светот

Островите Кајонетас: 100 милиони

Во оваа цена се вклучени три острови во Панама, а еден од нив би чинел околу 33,3 милиони.

Островите се на само половина час од Панама Сити и на нив има над 50 плажи полни со желки. Купувачот ќе може да користи само 30% од земјиштето заради заштита на околината.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-07.jpg

Островот Ронд: 100 милиони

Некој период ова беше најскапиот остров во светот, а  се наоѓа на Карибите. Островот е опкружен со кристално сина вода и има природа недопрена од човекот. Овде има и навистина импресивни пештери полни со сталактити и кварц.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-08.jpg

Островот Лисабон: 350 милиони

Повеќе од една деценија, овој португалски остров бил најскапиот во светот. Засега овде нема изградено ништо, но се планира да се изгради луксузен терен за голф и, се разбира, неколку луксузни вили.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-09.jpg

Островот Ал Марјан: 450 милиони

Овој вештачки направен остров е дел од емиратот Рас Ал Каима. Островот има три хотели со пет ѕвезди, што дополнително ја зголемуваат неговата цена. Овде има и пристаниште кое собира 200 бродови.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-10.jpg

Приватниот остров Банва: 100.000 долари за ноќевање

Овој мај, островот Банва му даде нова дефиниција на луксузот. На островот има и приватно одморалиште каде што можете да преноќите за 100.000 долари од ноќ.

Банва се наоѓа на архипелагот Палавани и можете да стигнете до него со 2-часовен лет од Манила. Одморалиштето нуди игралишта за тенис и одбојка, игралиште за одбојка на плажа, кајакарство и многу други активности.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg