Будва – лето кое трае

Доколку досега не сте ја посетиле Будва во септември или октомври, тоа значи дека не сте го запознале вистински овој медитерански град. Тогаш најдобро се чувствува Будва, а ќе имате впечаток дека таа е токму за Вас!

buda-leto-koe-trae-02.jpg

Просечната температура на воздухот во текот на денот е идеална за уживање на некои од триесетте песочни плажи и многубројни скриени заливи, кои во овој период не се преплавени со туристи, како што е во јули и во август. Просечната температура на морето изнесува околу 25 степени – „идеална” што би рекле жителите на Будва, а фактот дека цените за сместување, како и цените во угостителските објекти се значително поприфатливи од летните го прави викендот во Будва е прав избор во текот на септември или октомври.

Доколку сакате промена на амбиентот и наместо на море да уживате во некои други пејсажи – не морате да ги напуштате границите на општината. Будва на својата ривиера долга 25 километри има околу 50 километри пешачки стази кои се протегаат низ прекрасното подрачје, поврзувајќи автентични крајбрежни села, како и осум од деветте манастири што Будва ги има на својата територија.

buda-leto-koe-trae-01.jpg

Иако летната сезона е завршена, ривиерата на Будва продолжува да живее и да ужива во придобивките од нејзината географска локација, сето тоа во ритам на бројни настани што ги подготви Организацијата за туризам на општина Будва за септември и октомври.

Преку низа настани, традиционални и нови, Будва привлекува туристи во нивниот град, а преку дегустации на гастрономски специјалитети и вина, како и музичка програма, го покажуваат своето гостопримство, кулинарски вештини и склоност за добро време.

buda-leto-koe-trae-03.jpg

Иако впечатоците од последните „Петровачки ноќи“ и „Забави на плажа“ во Рафаиловиќи сè уште не се стивнати, еден од омилените локални фестивали за риби, вино и пиво – „Денот на ширунот“ ќе се одржи на 5 октомври. Настанот, со традиција на одржување повеќе од 50 години, нуди богата целодневна програма за возрасни и деца секоја година, со што ќе се разубави годинешниот концерт на групата „Магазин“.

Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg