5 необични, но прекрасни места за кампување во Европа

Дали сте слушнале за Camping.info? Camping.info е страница како Airbnb, но со малку понеобична содржина. Имено, наместо луксузни хотели и станови, тука можете да најдете кампови, повеќе или помалку луксузни.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 01

Процесот на наоѓање е ист како и на другите страни за сместување, освен што е базиран на кампување. По изборот на земјата во која сакате да кампувате, ќе ви биде претставен список на кампови со сите потребни информации.

Каде се наоѓаат, како да стигнете до нив, која им е цената, итн. Можете да изберете места што се блиску до поголемите градови или целосно изолирани кампови без телевизија, интернет и други луѓе.

Доколку сакате кампување, а немате идеја каде да одите, посетете ги овие 5 места:

Монс Клинт, Данска

Монс Клинт се наоѓа на источниот брег на данскиот остров Ман, на Балтичкото Море. Местото е опкружено со шуми, пасишта, езера и стрмни ридови кои создаваат прекрасен пејзаж.

Покрај кампот, кој е опремен со модерна технологија, имате можност да поставите и шатор, што секако го комплетира искуството.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 02

d’Olde камп, Холандија

Кампот Д'Олде се наоѓа во длабоката шума во Холандија. Овој шумски камп нуди избор на кампување на отворено поле или повеќе приватни имоти.

Ова место е одлично за децата и нивниот развој и едукација, бидејќи ќе имаат можност да ја запознаат природата, животните и на крај, да добијат диплома за придонес кон природата.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 03

Camping de la Cascade, Белгија

Овој мал камп се наоѓа на реката Амблеве што тече меѓу врвовите на Ардените. Тука камперите можат да пливаат, пешачат, да возат велосипеди или кану. Исто така, во близина се наоѓаат водопади кои потсетуваат на сцени од бајките.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 04

Рафтинг Камп Дивља Ријека, Босна и Херцеговина

Овој камп се наоѓа до границата со Црна Гора. Ако сакате вистинска авантура, тргнете на рафтинг на реката Тара. Покрај тоа, местото е одлично за релаксирање и уживање во природните убавини на Тара и Дрина.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 05

Camping Lindenhof, Берн, Швајцарија

Линденхоф се наоѓа на езерото Биел. Од тука можете да го посетите и швајцарскиот Голем Кањон (Creux du Van). Камповите посветуваат големо внимание на екологијата, а греењето во овие кампови е соларно.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg