Скандинавија во декември - звучи одлично, нели?

Многумина одат во Скандинавија да ја видат аурора бореалис, тоа им служи како главен изговор да се претопат во тој снежен предел, да уживаат во природата и сета убавина што се наоѓа на полуостровот. Постојат многу нешта за кои пошироката јавност не е запознаена, а и тоа како вреди да се посетат.

skandinavija vo dekemvri zvuci odlicno neli 4

Ако саката во декември да отпатувате во некоја од државите во Скандинавија, ќе бидете пречекани со природна убавина, култура полна со митови и легенди, луѓе со отворени срца и пејзажи кои одземаат здив.

Ако се одлучите за Финска, тогаш твоите стапала треба да стапнат во националниот парк Коли. Место кое истовремено ќе те поврзе со природата и кое воопшто не е искомерцијализирано. А сега сите бараме такви места. Освен пешачење, препуштете се и на скијање, возење велосипед и кану. Тоа дополнително ќе го разведри вашиот дух.

skandinavija vo dekemvri zvuci odlicno neli 2

Велат дека секое подолго пешачење има и своја награда. Во Норвешка таквите места ги има еден куп, но Preikestolen е едно од најспектакуларните. На надморска височина од 2 илјади метри има поглед кој достига преку сина водена површина, фјордови и хоризонт кој ви открива еден посебен свет.

Залудно ова точка не се смета за една од најдобрите во Норвешка. За да стигнете до местото мора да пешачите три часа по стрмен предел, ама на крај во секој случај трудот ќе се исплати.

skandinavija vo dekemvri zvuci odlicno neli 3

Ако некогаш сте се запрашале како е да се има приватен остров, тогаш треба да запловите до Stockholm Archipelago. Со повеќе од 20 илјади островчиња распрскани низ Балтичко Море, твојата фантазија ќе се активира уште по пристигнувањето.

Секое парче земја е посебно на свој начин. Може да посетите гробишта на викинзи, или простор со илјадници галеби, а истовремено и да дегустирате вкусна храна зошто Stockholm Archipelago е место со многу фарми и сите од нив се еколошки свесни.

skandinavija vo dekemvri zvuci odlicno neli 1

Скандинавија во декември, одлично нели?

 Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg