Место во Норвешка е вистинска поларна бајка - шарени селца, санки влечени од кучиња (фото)

Далеку над Арктичкиот Круг, каде Атлантскиот океан се среќава со Арктичкиот океан, или ако треба да бидам попрецизнен во северна Норвешка се наоѓа едно место наречено Нордкап. И да - тоа е вистинска поларна бајка, токму како што замислувате.

mesto-vo-norveshka-e-vistinska-polarna-bajka-shareni-selca-sanki-vlecheni-od-kuchinja-foto-01.jpg

Во денешно време лесно е да се стигне до Нордкап. Токму поради тоа во лето преку 200.000 посетители решаваат да го истражат ова идилично место на планетата Земја.

Карпите кои се наоѓаат таму се 307 метри над морското ниво, што на посетителите им дава еден панорамски поглед и можност тивко да мируваат во себеси.

sareni ribarski sela sanka vlecena od kucinja locenje na rivi vo mraz sto krie nordkap vo dekemevri 5

Самото место и пред сè околината е преполна со тајни.

Добро се сеќавам дека една пријателка ми има кажувано дека за време на престојот во Нордкап, среќавала корморани, со чамче оделе да ловат риби и ракови, а потоа во вечерните часови ги јаделе заедно со пријателите и локалците.

sareni ribarski sela sanka vlecena od kucinja locenje na rivi vo mraz sto krie nordkap vo dekemevri 3

Оние кои сакаат да пешачат, ќе откријат уште поинтересни места. Најпредизвикувачко е пешачењето до Knivskjellodden, најсеверната точка на Magerøya, каде може со сопствени очи да го видите платото на Нордкап и тоа од една поразлична перспектива.

sareni ribarski sela sanka vlecena od kucinja locenje na rivi vo mraz sto krie nordkap vo dekemevri 2

Посетата на Нордкап не може да помине без стапнување во колоритното рибарско село Skarsvåg, кое истовремено е и најсеверно рибарско селце.

Доволно е да сте опкружени со чистата убавина и да заборавите на сите грижи кои ви го оптоваруваат умот.

sareni ribarski sela sanka vlecena od kucinja locenje na rivi vo mraz sto krie nordkap vo dekemevri 1

Зимскиот период крие бројни активности, од возење на мотоцикл за снег и санка влечена од кучиња, до фаќање на риби во мраз и до барање на Северната светлина на бескрајното небо.

sareni ribarski sela sanka vlecena od kucinja locenje na rivi vo mraz sto krie nordkap vo dekemevri 4

Слични работи се доживуваат со сопствените сетила и се раскажуваат гласно.

Ако некогаш имате можност, отпатувајте во Нордкап. Само тогаш може да засведочите за каква убавина станува збор.

sareni ribarski sela sanka vlecena od kucinja locenje na rivi vo mraz sto krie nordkap vo dekemevri 8

 Е. Х. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата н... Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што мо...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg