Мермерното езеро или македонското „Памук кале“ низ призма на инстаграмџиите ширум светот
Несомнен е фактот дека нашата држава располага со безброј природни богатства и несекојдневни убавини кои примамуваат посетители од разни страни на светот.
Пред неколку години, нашата земја се здоби со уште еден бисер кој за екстремно брзо време стана тотална атракција, како за нас, така и за странските туристи.
Станува збор за Мермерното езеро таканаречено македонското Памук кале.
Малото езеро со тиркизна боја, со длабочина од 20 метри, сместено во напуштен мермерен рудник над селото Беловодица во Прилеп е вистинска привлечна дестинација за голем број луѓе, особено за младите.
Тиркизната кристална покривка којашто ја поседува и белите сјајни мермерни блокови се виновниците поради кои ова место го споредуваат со едно од најголемите турски знаменитости.
Во продолжение ви претставуваме како изгледа нашето „бело злато“ од призма на посетителите ширум светот:
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





