6 најубави места во светот за кои не сте знаеле дека постојат

Секогаш нé изненадува кога гледаме колку неоткриени убавини има нашата планета. И секогаш кога ќе помислите дека сте виделе сѐ, дознавате за уште едно надреално убаво место.

6 najubavi mesta vo svetot za koi ne ste znaele deka postojat 01

Во продолжение ќе имате можност да „прошетате“ на три континенти и да ги откриете најубавите места низ светот за кои веројатно не сте ни знаеле дека постојат:

Северна Америка 

Езерото Абрахам, Канада

Езерото се наоѓа во провинцијата Алберта и е познато по замрзнатите меури што се гледаат под површината. Многу фотографи од целиот свет веќе со години ја фотографираат оваа појава.

Меурчињата се формираат бидејќи растенијата на дното на езерото испуштаат метан.

6 najubavi mesta vo svetot za koi ne ste znaele deka postojat 02

Кристална пештера, Мексико

Не се чувствувајте лошо ако не сте чуле за ова место, затоа што до 2000 година никој не знаел за оваа пештера. Пештерата била случајно откриена од двајца браќа, кои биле во потрага по сребро.

Пештерата содржи кристали чија должина достигнува и до 11 метри.

6 najubavi mesta vo svetot za koi ne ste znaele deka postojat 03

Сината дупка, Бахами

Оваа дупка е скоро без дно! Поточно, длабока е 202 метри, а ова ја прави најдлабока дупка во светот. Дупката е опкружена со песочна плажа, а можете да замислите колку е возбудливо пливањето до неа.

6 najubavi mesta vo svetot za koi ne ste znaele deka postojat 04

Јужна Америка

Игуасу водопади, Аргентина

Овие водопади се буквално чудо, а секоја секунда „вртат“ 53.000 кубни метри вода!

6 najubavi mesta vo svetot za koi ne ste znaele deka postojat 05

Националниот парк Lencois Maranhenses, Бразил

Се работи за национален парк со површина од нешто повеќе од 300 квадратни километри. За време на сезоната на дождови, водата формира мали езера, а потоа лагуните стануваат дом на многу видови риби и школки.

6 najubavi mesta vo svetot za koi ne ste znaele deka postojat 06

Антарктик

Канал Лемер

Овој канал долг десет километри се наоѓа помеѓу планините на островот Бут и антарктичкиот полуостров. Каналот е познат и по името Кодак.

6 najubavi mesta vo svetot za koi ne ste znaele deka postojat 07

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg