Предлози од искусен патник - Дестинации што не се преплавени со туристи, туку со див свет

Александар Шданов е најмладиот Русин кој може да се пофали дека ги посетил сите држави членки на ОН.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-01.jpg

Изминативе 10 години, тој летал над 1.000 пати и ја обиколил планетата 45 пати, притоа наоѓајќи ги најтајните места на Земјата.

Односно, места каде што нема да налетате на вообичаените туристи.

Кога ќе го земете сето ова предвид, сигурно ќе ве интересираат неговите предлози за патување:

Јужна Џорџија

Овој остров во јужниот Атлантски Океан е прекуморска територија на Велика Британија.

Островот им е постојано живеалиште на само 20 луѓе, но овде ќе најдете пингвини и фоки во изобилство.

Интересно е што неретко пингвините им се приближуваат на луѓето и љубопитно ги проучуваат. Па, ова место е совршено за љубителите на диви животни и птици.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-02.jpg

Јужна Африка

На 45-минутно возење од Јоханесбург се наоѓа сафари паркот Lion. Овде се згрижуваат повредени и напуштени животни, кои откако ќе закрепнат се враќаат во дивината.

Животните се под постојан надзор од ренџери, но сепак можете да ги храните, галите и да шетате со нив. Но, не е сè така едноставно.

Доколку, на пример, сакате да видите леопард, тоа ќе ве чини 60 долари. Притоа ќе треба да потпишете изјава дека сте свесни за ризиците. 

Вработените од паркот ќе ви дадат насоки и ќе ви кажат кои животни можете да ги допирате и како да го направите тоа без да ги разгневите.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-03.jpg

Уганда

Во националниот парк Бвинди во Уганда можете да уживате во природа недопрена од човекот, но и да ги видитете планинските горили.

Можете да го посетите живеалиштето на овие мајмуни, но за тоа ќе ви требаат 600 долари. Сепак, Александар тврди дека навистина вреди.

Покрај тоа, ќе треба да се движите низ дождовна шума, па осигурете се дека ќе понесете соодветна опрема.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-05.jpg

Зимбабве

Зимбабве е уште една одлична дестинација за оние кои го сакаат дивиот свет.

Овде има засолниште каде што се згрижуваат лавовите, а потоа се враќаат во дивината. Луѓето можат да „се дружат“ со малите лавчиња, но големите ретко кога се припитомени.

Интересно е што локалните ловци буквално растат со лавови. Со нив трчаат, си играат, јадат…

Според Александар, кога ќе стигнете во паркот ќе ви дадат голем стап, во случај нешто да тргне на лошо. Стапот не е за да го удрите лавот, туку за да го заплашите.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-06.jpg

Кенија

Ако сакате да имате необичен појадок, тогаш упатете се во Кенија. Во близина на Најроби има центар за рехабилитација на жирафи, а куќата на имотот е претворена во мал хотел со 8 соби.

На земјиштето живеат дузина жирафи и секое утро им се придружуваат на гостите на летната тераса.

Александар советува да станете околу 5 часот наутро ако сакате сами да уживате во целото искуство.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...

Најчитани неделава