Предлози од искусен патник - Дестинации што не се преплавени со туристи, туку со див свет

Боцвана

Наводно, постои интересно правило ако ја преминувате границата на Боцвана на земја. Ќе треба да ги накиснете нозете во сад со течност за дезинфекција и да ги исчистите чевлите за да не внесете вируси или бактерии од соседните држави.

Можеби најубавото место во Боцвана е природниот резерват Chobe. Овде можете да пловите со брод и да ги гледате африканските слонови одблиску.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-08.jpg

Јужен Судан

Во Јужен Судан живее племе сточари, а ако сакате да останете кај нив, ќе треба да платите за храна, па Александар препорачува да си понесете барем ориз, шеќер и брашно.

Овде кравите се како локална валута и се даваат како мираз, а можат да ги поседуваат само мажите. Урината на кравите, пак, ја користат како лек за убоди од инсекти.

Девојчињата се венчаат на 14-15 години и раѓаат по 10-тина деца. Жените во ова племе се многу почитувани бидејќи ги има многу малку.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-09.jpg

Тристан да Куња

Оваа група острови во јужниот дел на Атлантикот е исто прекуокеанска британска територија.

Овде живеат само 250 луѓе, во заедница која е целосно затворена кон надворешниот свет. Локалните тинејџери можат да одат да студираат 2 години во Лондон, и тоа на трошок на Англија. Сепак, повеќето одлучуваат да се вратат.

Годишно, овде доаѓаат само 3-4 брода, па на островот практично нема туристи.

Локалните жители им се радуваат на посетителите и со задоволство ги споделуваат нивните традиција и култура. Природата, пак, е неверојатна – островите се опкружени со карпи, насекаде има фоки и според Александар, овде ќе се чувствувате како во паркот Јура.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-10.jpg

Науру

Може да биде тешко да стигнете до Науру, но, ова е држава што вреди да се посети.

Овде е топло во текот на целата година, но благодарение на океанот нема да се справувате со пеколни температури.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-11.jpg

Источен Тимор

Оваа држава во југоисточна Азија зафаќа половина од островот Тимор и е ограничена со корални гребени и богата флора. Државата ја доби својата независност дури 2002-ра.

И покрај проблематичната историја, локалните жители се пријателски настроени, секогаш насмеани и сакаат да се фотографираат со посетителите. Сепак, туристите се ретка појава овде.

Во целата држава има само 48 семафори, од кои половина не ни работат.

predlozi-od-iskusen-patnik-destinacii-shto-ne-se-zagadeni-so-turisti-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg