Евгениј Хоуп препорачува: 3 места во Македонија за еднодневна екскурзија

Не дека имаше некоја посебна зима од која не можевме да мрднеме од дома, ама во пресрет на пролетта, мислам дека кај сите се буди оној заспаниот трагач што постои во нас. Се разликува од индивидуа до индивидуа, тука нема ништо спорно. 

interesni mesta vo makedonija za ednodnevna ekzurzija 2

Без разлика од која перспектива гледаме, во најмала рака, сите сакаме да тргнеме на некоја еднодневна екскурзија. Може да се стартува со некоја дестинација во Македонија, а верувајте ги има многу.

За локалитетот Пешти, кој се наоѓа во близина на Велес, кружат секакви легенди, а на многумина им е познат и како македонскиот Колорадо.

Прво треба да пропешачите покрај реката Бабуна, која директно ќе ве одведе до клисурата каде се наоѓаат пештерските отвори. Многумина од нив и воопшто не се достапни, а пештерите Црквиче, Понор, Маркова Црква, Четири Врати, Макаровец, Топла ѝ се познати на јавноста. Интересно е што постојат и пет пештерски цркви.

Оние кои ја знаат местоположбата на црквата Свети Никола, стара повеќе од 600 години, ќе наидат на остатоци од фрески од некогашното подножје на црквата.

Не мора да живеете во близина на Куманово за да решите да ја посетите Бислимска Клисура. Облечете удобни чизми за пешачење и препуштете се патот да ве води сам, додека шетате низ ова природна убавина долга седум километри, за која не знаат многумина. А, на времето само храбрите се осмелувале да поминат низ Бислим.

Освен тоа, има и десеттина пештери и варовнички карпи, па дајте си цел да посетите што е можно повеќе од нив.

Можеби навидум звучи чудно, но селото Град во близина на Делчево и тоа како може да ви го привлече вниманието, посебно тврдината позната како Градиште.

Археолозите и историчарите сметаат дека овој археолошки локалитет е остаток од доцноантичкиот град Армонија.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg